Анѓушев соопшти кога ќе биде готов половина од патот Кичево – Охрид
Објавено во: Економија 14 Јули, 2019
Половина од патот Кичево – Охрид ќе биде готов за неполна година.
Недостиг на финансиски средства е главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево – Охрид, кој траел четири години.
Ова го соопшти вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, напоменувајќи дека одобрението за кредиот од Ексим банка го добиле пред два дена.
„За Кичево-Охрид имаше застој не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средства. Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид. Ќе гледаме половина од тој пат, кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година“, изјави Анѓушев.
Тој нагласи дека автопатиштата се надвор од буџетот и се во буџетот на претпријатието за државни патишта. Нагласи дека за патот Миладиновци-Штип перцепцијата е дека нешто се успорило.