12 Ноември, 2019
0.0288

Анѓушев: Прашањето за „бројчаникот“ не треба да биде на моја адреса

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2019

Кочо Анѓушпев, вицепремиерот за економски прашања, синоќа како гостин во емисијата „Што не е јасно?“ рече дека според неговата функција, тој не е соодветниот што треба да даде одговор кога ќе проработи „бројчаникот“ на Триумфалната порта во Скопје.

- - Тоа не е прашање што треба да го одговори вицепремиерот за економски прашања - рече Анѓушев. Тој додаде дека не е орган за конфискување, па да може да даде одговор на новинарското прашање.

Вицепремиерот во однос на очекувањата за добивање на датум за преговори со ЕУ вели дека не се темелеле на преголем оптимизам, туку на основа на оценки.

„Немаше преголем оптимизам, ги гледавме оценките за напредување по критериумите. Нашата држава нема план Б, тие што мислат дека треба да се свртиме кон други центри на моќ, тоа нема да се случи. ЕУ се замори од примање на членки кои потоа не ги исполниле очекувањата.  Нашата економија се базира на извозно ориентирани производи и доколку сте членка на ЕУ ќе се намалат голем број процедури и ќе има олеснувања“, коментираше Анѓушев.

За зголемувањето на минималната плата на 14.500 денари, тој наведе дека државата ќе ги помага претпријатијата во овој дел преку законот за субвенционирање на придонесите.

Тој се согласува дека данокот на каматите не треба да се одложува, додека оданочувањето на капиталните добивки треба да се остави за некои подобри бремиња на берзата.

- Останувам на ставот дека данокот на каматите треба да започне од почетокот на следната година. Така луѓето ќе бидат стимулирани повеќе да ги трошат парите и да ги инвестираат во нешто, оптколку да ги чуваат во банките, изјави Анѓушев.

Додаде дека продуктивноста на едно претпријатие може да се зголеми само со технологија, со вложување во напредок на кадарот и сопственик/менаџер што знае да ги организира работите.

Можеби ќе ве интересира

Заев: Коморите ќе дадат предлог кој ќе го наследи Анѓушев

Заев: Коморите ќе дадат предлог кој ќе го наследи Анѓушев

Со Буџетот не поткупуваме, туку вложуваме во народот, тврди Заев

Со Буџетот не поткупуваме, туку вложуваме во народот, тврди Заев

СКОКНАА цените на бензинот и дизелот

СКОКНАА цените на бензинот и дизелот

Генералниот директор на Сава осигурување си заминува од лични причини

Генералниот директор на Сава осигурување си заминува од лични причини

Приходите на УСЈЕ надминаа 56 милиони евра за девет месеци

Приходите на УСЈЕ надминаа 56 милиони евра за девет месеци

ЌЕ ИМА ЛИ МЕГА БУЏЕТ ЗА ПЛАТИ И ПЕНЗИИ - Владата ќе го каже конечниот збор

ЌЕ ИМА ЛИ МЕГА БУЏЕТ ЗА ПЛАТИ И ПЕНЗИИ - Владата ќе го каже конечниот збор

Анѓушев се повлекува од политиката, после изборите му се враќа на бизнисот

Анѓушев се повлекува од политиката, после изборите му се враќа на бизнисот

Продажбата на „Витаминка“ порасна 10 отсто и достигна 28 милиони евра

Продажбата на „Витаминка“ порасна 10 отсто и достигна 28 милиони евра

Ангеловска го претстави предлог-буџетот: Инвестициите во човечки капитал во фокусот во 2020

Ангеловска го претстави предлог-буџетот: Инвестициите во човечки капитал во фокусот во 2020