25 Април, 2024
0.0353

Анѓушев: 40 милиони евра, планирани средства за поздрава животна средина

Објавено во: Економија 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, денеска започна конференцијата ГРЕДИТ 2018: „Загаденоста на воздухот и нерегулирани депонии“  во организација на Балканската асоцијација за животна средина БЕНА

Оваа конференција кадешто ќе бидат презентирани преку 150 научни трудови на научници од 20 држави ќе трае два дена.


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев на свеченото отворање на конференцијата ја цитираше изјавата на Чарлс Дарвин: „Не преживуваат најјаките видови, ниту најинтелигентните, туку оние кои се најприлагодливи на промените“.

„Токму затоа, во светот кој брзо се менува, Македонија мора постојано да биде во тек со новите технологии и иновации, во секоја област, па и во екологијата и заштитата на животната средина“, нагласи вицепремиерот.


Анѓушев посочи дека климатските промени се реалност и токму поради тоа екологијата и заштитата на животната средина се високо во агендата на Владата на Република Македонија, со цел намалување на ефектите од климатски промени. Тој дополни дека во периодот кој следи ќе се реализираат проекти со кои ќе се овозможи поздрава животна средина и подобар живот за македонските граѓани.

„Практично, сите сме сведоци како климатските и еколошките промени не предупредуваат. За жал, сите забораваме на овие предупредувања откако ќе помине кризата, но само до следната криза, која може да биде поголема. Затоа, треба да се определиме за похрабри чекори кон решавање на проблемите со животната средина. Прв ваков чекор е да се реши проблемот со дивите, но и со организираните депонии на смет во државата“, рече Анѓушев


Тој додаде дека  Во рамките на Владата е склучено договор  за организиран, регионален пристап кон овој проблем.

„Ќе отвориме 4 регионални депонии, за собирање и преработка на сметот. Втор чекор е решавање на проблемот со отпадните води кои треба да се соберат во организиран канализационен систем и да бидат прочистени пред да се пуштат во природните води. Средствата кои беа планирани за изградба на карго аеродром во близина на Штип, околу 40 милиони евра, за кој нема финаниска исплатливост, ќе гледаме да ги пренамениме токму за овој проект“,  дополни Анѓушев.

На отворањето на конференцијата се обратија и потпретседателот на Балканската асоцијација за животна средина, г-дин Џабер Занбак, претседателката на Советот на Град Скопје, д-р Љубица Јанчева и претседателот на ГРЕДИТ конференција и професор на Машинскиот факултет во Скопје, д-р Даме Димитриевски.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?