29 Март, 2024
0.0341

Ангеловска: Зголемувањата на платите и пензиите предизборно не се популистички

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Нина Ангеловска, министерката за финансии, во денешното интервју за „Фактор“ вели дека последните одлуки за зголемувањата на платите во јавниот сектор и на пензиите не се популистички мерки кои се прават предизборно.

СДСМ кога беше во опозиција овие мерки, односно зголемувањето на платите на пензиите ги карактеризираше како чист популизам. Социјалдемократскиот сојуз  како левичарска партија тврдеше дека слични мерки само купуваат гласови. За дел од овие мерки свои забелешки имаа и ММФ и Светската банка.

- Има повеќе причини за одливот на мозоци од земјата, но една од најважните е економската, односно си одат поради ниските плати. Она што на краток рок може да се понуди е токму повисоки плати. Факт е дека имаме одлив на лекари, на медицински сестри, не само од јавното во приватното здравство, туку си заминуваат и од земјава. Второ, колку од квалитетните студенти се мотивирани да работат во просвета, знаејќи ги платите?

Ако сакаме да ги понудиме најдобрите здравствени услуги на граѓаните, треба најдобрите лекари и медицински персонал да ги задржиме во јавните здравствени установи. Да, треба, и се вложува во современа медецинска апаратура, но таа ќе биде бескорисна ако немаме квалитетни кадри кои ќе работат со неа. Ова е дејност која целосно зависи од човечкиот фактор. Истото е со образованието. Ако немате квалитетни кадри кои ќе бидат мотивирани да го пренесат знаењето на децата, нема да имате резултати во образованието, вели Ангеловска.

Министерката тврди дека владеачката гарнитура не ги покачувала платите само предизборно, односно кога треба да се гласа, туку тоа, според Ангеловска, се прави секоја година.

- Понатаму, не би се сложила дека сега прв пат предизборно се покачуваат платите, тие се покачуваат повеќе пати од 2018 година. Со покачувањето на платите на лекарите од февруари 2020 година, последниве три години платата на лекар специјалист е покачена за околу 40 отсто. Само годинешното покачување на платата на лекар специјалист е 25 проценти, на општите лекари 15 отсто, а 10 проценти за медецинските сестри. Од јануари за 10 отсто се покачуваат и платите во образованието, со што кумулативното покачување на платите изнесува 20,6 проценти со претходните покачувања. На крај, да сумирам и конкретно да одговорам на вашето прашање – дали јас сметам дека овие мерки се популизам? Не, популистички работи се оние кои се во насока на купување на моменталното задоволство на граѓаните и кои немаат никакви или имаат негативни ефекти во иднината. Напротив, мерките кои ги преземаме за вложување во човечки капитал се во насока на поставување на работите на здрави фундаменти, за да идните генерации во оваа земја живеат подобро, тврди Ангеловска.


Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи