20 Април, 2024
0.0303

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: Ќе им помогне на погодените и ќе ја намали сивата економија

Објавено во: Финансии 25 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Владата смета дека со домашната платежна картичка што ќе ја добијат дел од граѓаните, не само што ќе им помогне на оние кои имаат потреба од средства, туку ќе ги зголеми и безготовинските плаќања и ќе го намали ризикот од сивата економија. 

Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека сега имаме шанса да фатиме побрз чекор во безготовинското општество, кое е дел од современиот дигитален свет. 

„Безготовинско општество значи и општество со помала сива економија. Затоа домашната платежна картичка не само што ќе им помогне на оние кои им е потребно туку и ќе го забрза патот кон безготовинско плаќање и ќе влијае кон промена на навиките“, пишува на фејсбук Ангеловска.

Според неа, домашната платежна картичка ќе ја стимулира приватната потрошувачка и ќе го амортизира ударот врз економијата на краток рок, но исто така ,таа ќе има ефекти и на долг рок: поддршка на граѓаните со пониски примања и ранливите категории, поддршка за опоравување на економијата преку поттикнување на приватната потрошувачка, поддршка за домашните фирми преку купување домашни производи и услуги, поддршка во борбата против сивата економија и менување на навиките за безготовински плаќања.

„На кус рок картичката ќе им помогне на оние кои имаат потреба. На подолг рок, ќе овозможи да се зголемат безготовинските плаќања и намалување на ризикот за неформална економија. Исто така, со домашната платежна картичка, државата ќе добие еден нов инструмент, со кој ќе има можност понатаму да интервенира и во друг погоден сектор, каде што ќе се сака да се насочи приватната потрошувачка“, пишува Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин