23 Април, 2024
0.0369

Ангеловска: Со сивата економија ќе се бориме и преку инспекции, но и со меки мерки

Објавено во: Финансии 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска најавува дека Владата преку конкретни мерки и политики ќе работи на сузбивaње на сивата економија и на подобрување на наплатата на приходите. Ова таа го истакнала одговарајќи на прашање „како до раст на буџетската приходна страна“, на панел-дискусија на конференцијата на УниКредит - „Emerging Market Winter Conference“, која се одржува денеска во Виена, Австрија. 

Забрзано се работи на Акциски план за сузбивање на сива економија, а со ефикасно адресирање на неформалната економија, наплатата на даноците може значително да се подобри - само кај ДДВ може да се очекува потенцијално зголемување на наплата за 1 до 2 отсто од БДП. 

„Еден начин да се подобри наплатата на приходи е адресирање - „атакување“ на сивата економија со конкретни мерки и активности. Во моментот развиваме акционен план. Министерството за труд и социјала има Стратегија за сузбивање на сивата економија. Има одделни мерки и во Министерството за финансии, во УЈП и Царинската управа. Сепак, ова е клучен приоритет и затоа создаваме посебен - наменски акциски план во Министерството за финансии. Акцискиот план вклучува различни мерки, од инспекции и зајакнување на капацитетите на институциите, до меки мерки, по примерот на МојДДВ и МoјДДВ #МојаНаграда, кои даваат одлични резултати. Покрај тоа, додаваме нов, посебен сегмент, кој се бори со сивата економија во е-трговијата. Друг начин да се мобилизираат повеќе приходи е со примена на технологиите во процесите. Технологиите се решение за борба против корупцијата, за зголемување на ефикасноста на даночниот систем и автоматизирање на процесите“, рекла првата финансиерка.

На панелот на кој учествуваа и министерот за финансии на Романија Флорин Ситу и Ден Букса, главен економист за Централна и Источна Европа на Уни кредит, се зборуваше и за очекувањата за економски раст во земјите од регионот. Министерката за финансии истакнала дека земјава ги натфрлила проекциите за раст на Меѓународниот монетарен фонд - дури и покрај тоа што Фондот во 2019 година два пати ја зголемуваше проекцијата за раст за земјава. Таа посочи дека годинава се очекува раст на економијата од 3,8 проценти. 

Додала дека е подобрена реализацијата на капиталните инвестиции, која во 2019 година изнесува 78 отсто од проектираното, додека реализацијата на инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта е 85 проценти. 

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА