14 Август, 2020
0.0431

Ангеловска: Прифативме 5.000 приговори за картичките, денеска ќе ги има на список

Објавено во: Економија 13 Јули, 2020

Прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица - средношколци и студенти од 16 до 29 години, објави доцна синоќа министерката за финансии Нина Ангеловска. Денеска овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат. Објавата следува откако со денови дел од младите кои треба да ја добијат картичката се жалеа дека немаат одговори за поднесените приговори.

Проверката на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори. Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори. До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори. Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка, напиша Ангеловска.

Вчера освен средношколците, туку и голем број студенти се жалеа дека уште немаат добиено ниту државни платежни картички, ниту одговори на нивните приговори што биле испратени на мејлот кој беше даден на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk.


Можеби ќе ве интересира

ИМАЛО ЛИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ИНВЕСТИТОР - кој сакал да достави понуда за Еуростандард банка?

ИМАЛО ЛИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ИНВЕСТИТОР - кој сакал да достави понуда за Еуростандард банка?

Зошто Македонците доцна заминуваат од домот на родителите?

Зошто Македонците доцна заминуваат од домот на родителите?

Нема да можете да плаќате сметки во пошта, еве зошто...

Нема да можете да плаќате сметки во пошта, еве зошто...

КХВ: Укината дозволата на Дирекцијата на Еуростандард, пазарот останува стабилен

КХВ: Укината дозволата на Дирекцијата на Еуростандард, пазарот останува стабилен

ПАД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 95 ОТСТО: Мал број Срби, Турци, Бугари, Албанци сепак шетале низ Македонија

ПАД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 95 ОТСТО: Мал број Срби, Турци, Бугари, Албанци сепак шетале низ Македонија

Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

Се огласија винариите и трговците со вино: Откупните цени се мали затоа што државата не помага

Се огласија винариите и трговците со вино: Откупните цени се мали затоа што државата не помага

Берзата трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство

Берзата трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ - ќе има известување кога и преку кои банки ќе тече обесштетувањето

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ - ќе има известување кога и преку кои банки ќе тече обесштетувањето