26 Април, 2024
0.0270

Ангеловска: Парите од ММФ ќе стигнат најбргу, а потоа ќе дојдат и другите до почеток на мај

Објавено во: Финансии 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Од странските ликвидносни инјекции најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд, за кои се очекува најверојатно да стигнат во тек на месецов, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“ и дополни дека ќе се користат средства и од Светска банка, од Европската унија, како и од заемите за премостување до обврзницата. Таа посочи дека овие средства ќе се користат повеќе месеци, согласно потребите за вбризгување средства во стопанството, а дека согласно потребите ќе се носат и нови мерки.

„Зборуваме со Светска банка, знаете и дека вицепремиерот за европски прашања соопшти дека и од Европската унија добиваме одредена помош, онаа награда од 50 милиони евра, потоа заем до еврообврзница. Најбрзи средства кои ги очекуваме се од Меѓународниот монетарен фонд и потоа од сите останати до почеток на месец мај или крај на април. Овие средства не се само за еден месец, овие средства се доволни за да функционираме следните месеци зависно од колку ќе биде потребно пари за вбризгување на ликвидност во економијата. Ова се првите мерки кои се презентирани, понатаму ќе ја следиме состојбата, ќе видиме како ќе биде искористувањето и одвивањето на настаните, за да повлекуваме и други чекори кои ќе бидат потребни“, вели Ангеловска. 

На некоја од следните владини седници треба да помине писмото за намери кон ММФ, кое е потпишано и од дополнителната заменик министерка, посочи Ангеловска.

Таа посочи дека годинава по основ на надворешен долг доспеваат за исплата 440 милиони евра, додека план на домашниот пазар на хартии од вредност е да се издадат хартии од вредност во износ од 450 милиони евра, од кои дел се презапишуваат за враќање на стари обврски, а нето задолжувањето е планирано на нето од 200 милиони евра. Дел од тие стари долгови од 440 милиони се веќе вратени - поголемиот дел во јануари, додека другиот дел доспева во декември, на крајот на годината, што е на некој начин поволно бидејќи немаме дополнително потреба за враќање на стари долгови во следните два квартали, рече Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот