13 Јули, 2020
0.0430

Ангеловска на Woman in Tech: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Објавено во: Економија 29 Мај, 2020

Оваа Covid-19 криза, донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и истата треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech” на панел со тема “Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“.

- Дигиталниот е единствениот начин за развој, за одењето чекор понатаму. Веќе ја немаме можноста да бираме дали ќе работиме на традиционален или дигитален начин, сега сите мора да се адаптираат. Ова мора да се искористи мудро, особено од страна на жените претприемачи. Оваа пандемија ќе заврши - а кога ќе заврши, од нас зависи колку попаметно, поефективно и подобро ќе функционираме. Се ќе зависи од тоа колку брзо ќе се адаптираме на ситуацијата. Вработените, граѓаните и фирмите ќе имаат нови способности, нови бизнис модели ќе се развијат, голем дел ќе се променат, а технологијата дефинитивно ќе одигра клучна улога во сето тоа, во секоја дејност и економија во светот. - рече Ангеловска.

На виртуелната меѓународна конференција „Жени во технологијата“ учествуваа  150 говорници од 60 земји од светот. Ангеловска, инаку е една од првите седум амбасадорки на дигитална трговија на УНКТАД - телото на Oбединетите Нации за трговија и развој.


Можеби ќе ве интересира

Во Македонија во мај само 838 туристи

Во Македонија во мај само 838 туристи

Горивата повторно поскапуваат од полноќ

Горивата повторно поскапуваат од полноќ

Нина Ангеловска: Прифатени 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

Нина Ангеловска: Прифатени 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

Финансиски друштва во Македонија: Даваат брзи кредити во кризата, иако им е тешко да опстанат

Финансиски друштва во Македонија: Даваат брзи кредити во кризата, иако им е тешко да опстанат

И на финансиските друштва во Македонија им е тешко да опстанат во кризата

И на финансиските друштва во Македонија им е тешко да опстанат во кризата

Кризата и друштвата за брзи кредити: Дел затворија и отпуштија вработени, се билдаа дополнителни трошоци

Кризата и друштвата за брзи кредити: Дел затворија и отпуштија вработени, се билдаа дополнителни трошоци

Кој станува рамноправен во „Фершпед“ со таткото и синовите Накови?

Кој станува рамноправен во „Фершпед“ со таткото и синовите Накови?

„Македонска навигација“ подели милион евра за 13-та плата

„Македонска навигација“ подели милион евра за 13-та плата

Ангеловска: Прифативме 5.000 приговори за картичките, денеска ќе ги има на список

Ангеловска: Прифативме 5.000 приговори за картичките, денеска ќе ги има на список