20 Април, 2024
0.0261

Ангеловска: Ќе се крати на опрема, лиценци, софтвери...

Објавено во: Економија 29 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Да го заштитиме секое работно место, секој да има средства за да го преживее и преброди овој период. Да ја заштитиме ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме обврските и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството кое потоа треба да се рестартира. Ова се целите по кои се раководиме во справувањето со кризата и менаџирањето со буџетот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Радио Слободна Европа.

Зборувајќи за што би се кратело од буџетот Ангеловска вели дека се што е во функција на справување со кризата, не може да биде предмет на кратење, како здравството и безбедноста. Таа посочува дека треба да се обезбедат средства секој граѓанин да има средства, да тече социјалната заштита и сите да бидат солидарни, реални и самосвесни. 

-Ако зборуваме за кратење на расходната страна, ќе има кратења на одредени стоки и услуги, одредени капитални услуги кои што се купување на опрема, лиценци, софтвери, значи во едни такви услови сè што суштински и директно не се поврзано со справување со корона-кризата мора и може да биде предмет на кратење. А како и зошто со една единствена цел – да се заштити секое едно работно место, секој да има средства да го преброди овој период, сите да бидеме солидарни, да ја заштитиме пред се ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме овие обврски и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството коешто потоа треба да се рестартира и да продолжи да ја полни цевката за да може да продолжи да оди и да тече нормално и расходната страна – рече Ангеловска.

Таа посочи дека првиот пакет на мерки со кои се нудат бескаматни кредити, субвецнионирање на придонеси и одлагање на плаќање аконтации на данок на добивка грубо чини околу 40 милиони евра: 

-Зборуваме за околу, грубо кажано, 40 милиони евра и дополнително 50 милиони евра кои што со Македонската банка за обнова и развој ги најавивме дека ќе ги стави во функција на стопанството преку кредити. Сега се утврдуваат условите и се дискутира и со комерцијалните банки за да истите бидат пласирани преку комерцијалните банки, бидејќи се работи за заем од Европската инвестициона банка кој што е склучен. Сега разговараме за промена на условите, за да истиот биде ставен во функција на справување со кризата и помош на ликвидноста на стопанството. Овој втор сет на мерки кој што се изработува, допрвaо ќе излеземе нели со бројките, меѓутоа оваа мерка за поддршка или исплата на минимална плата на погодените сектори и индустрии, во груба проценка, би чинела околу 100 до 120 милиони евра - рече Ангеловска.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите