19 Април, 2024
0.1931

Ангеловска-Бежоска за „Глобал капитал“: Да го зголемиме потенцијалот на земјата

Објавено во: Економија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во најновото неделно издание на престижниот магазин „Глобал капитал“ е објавен осврт на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за предизвиците од коронакризата за македонската економија.

Ангеловска-Бежоска најпрво се осврнува на карактеристиките на нашата економија, при што меѓу другото ги посочува подобрувањето на нејзината надворешна позиција во изминатата деценија и растот на девизниот потенцијал, што овозможува сега да се спроведува релаксирана монетарна политика со цел ублажување на ефектите од кризата со којашто се соочуваме. Како особено значаен го издвојува процесот на интеграција во глобалните синџири на производство којшто придонесе за подобрување на извозната база, засилување на странските директни инвестиции во секторот на разменливи добра и постепено намалување на трговскиот дефицит.

Гувернерката ја истакнува важноста на постојаното јакнење на стабилноста на банкарскиот систем преку зајакнување на регулаторната и супервизорската рамка, што е од исклучително значење за соодветно да се одговори на актуелниот шок. Во овој контекст, како што е посочува гувернерката, Народната банка овозможи поголема регулаторна флексибилност заради поголема кредитна поддршка на сите оние кои се кредитоспособни, а се погодени од корона-кризата.

Во завршницата на објавата во „Глобал капитал“, Ангеловска-Бежоска порачува дека јасната лекција од корона-кризата е дека и во моменти кога сме фокусирани на „гаснење на пожарот”, не треба да заборавиме на структурните пречки, коишто треба да се отстранат, за да се зголеми долгорочниот потенцијал на економијата, да се намали ранливоста и следствено на тоа да се зголемува просторот на политиките за подобро справување со идни шокови.

„Глобал капитал“ е еден од најреферентните извори на информации за глобалните пазари на капитал. Освртот на гувернерката на Народната банка е објавен во рамки на серијалот текстови на носителите на политики, фокусиран на актуелните предизвици од корона-кризата.


Можеби ќе ве интересира

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“