25 Април, 2024
0.0283

Ангела доби 19 години затвор за убиството на Пино

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Ангела Ѓорѓиевска доби 19 години затворска казна за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо - Пино, кој беше убиен под контроверзни услови и неговото тело беше пронајдено дури по реакцијата на неговата мајка и притисокот од јавноста.

Судот второобвинетата ја прогласи за виновна затоа што помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан, кој е во бегство. 

Првообвинетиот со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Ѓорѓиевска, според судот, во текот на процесот никогаш не покажала каење.

Претходно, според сведоците, Ангела го барала Пино вечерта на неговиот роденден со необично барање.

Таа, сакала да се пресмета со некои девојки и имала потреба од автомобил за да стави во гепек некоја личност.

Сепак, Пино , како што посочил сведокот, го одбил ова барање на Ангела со образложение дека нема пари да оди во Ѓорче а и не сакал да влегува во проблеми.

Судењето започна лани во ноември по една година од свирепото убиство. Под контроверзни услови 26-годишникот беше убиен на 11 декември 2018, но тоа јавноста не го знаеше затоа што полицијата не можеше да го пронајде се додека случаен минувач не ги откри неговите остатоци во атарот на скопското село Љуботен откако претходно имало одрон.

МВР на 31 мај лани поднесе кривична пријава против Ѓорѓиевска и Али Фуркан, исто така од Скопје, кој ја извршил егзекуцијата и за време на истрагата се даде во бегство, по што МВР по него распиша меѓународна потерница.

Инаку, мајката на Пино половина година активно  бараше одговор за судбината со нејзиниот син.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг