19 Април, 2024
0.0516

Анестезиолог Хаџиевска по трансплантацијата на срцето кое му го продолжи животот на Илија: Со сопругата беа ептен слатки, двајцата многу млади

Објавено во: Македонија 18 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Д-р Стефанија Хаџиевска, анестезиолог на клиниката за Државна кардиохирургија, која е дел од тимот од  самото нејзино отварање, и раководител на одделот за анестезија на Клиниката, е еден од членовите на тимот кој успеа да го трансплантира срцето на починатиот донор Верица Белчевска  и со тоа да му биде продолжен животот на 22-годишниот Илија Стрезовски од Врбеница.

Вели дека Илија по трансплатацијата, а и пред неа, имал само една желба. Да си дојде дома за Велигден. „Ќе направиме сè за да му ја исполниме желбата“, раскажа за Женски магазин д-р Стефанија Хаџиевска,

Д-р Хаџиевска вели дека дента пред трансплатацијата од премор и од возбуда не спиела многу, и верува дека се чувствувале и нејзините колеги.

-За разлика од минатиот пат, бевме помалку членови во тимот, работевме заедно со дел од докторите и сестрите од Клиниката „Жан Митрев“, меѓутоа под водство на нашиот Проф.Сашко Јовев и на наш веќе познат терен, на нашата Државна Кардиохирургија“, раскажува Стефанија која и минатата година во мај, беше дел од лекарскиот тим што ја изврши првата трансплатација на срце од Иван Огненовски, чиј донор беше семејството на Емилија Динева. 

Тагата на семејството на дојранчанката Динева и среќата на семејството на Иван беше причина целата домашна јавност јавност да биде сплотена како што одамна се немаше случено кај нас. Д-р Хаџиевска вели дека трансплантацијата траела околу 6 часа.

Она што најмногу ја трогнало, бил односот на Иле со неговата сопруга која има 20 години. Нивната љубов и приврзаност, таа и колегите ја почувствувале уште веднаш, кога таа влегла да го посети.

- Беа доста збунети и возбудени, таткото на Иле беше тука цело време. Скромни, мирни луѓе. Го видоа откако се разбуди. Мајката таткото сестрата и сопругата. Со жена му беа ептен слатки, млади многу двајцата, таа 20 години. Фамилијата беше многу среќна и возбудена, вели д-р Хаџиевска 

Продолжението од разговорот може да се прочита на Женски Магазин.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите