25 Април, 2024
0.0314

Интервју Хасановиќ: Корона кризата го засили единството меѓу сојузниците, но хибридните закани ќе се зголемат

Објавено во: Интервјуа 24 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Кризата на здравствен и економски план која ја предизвика Корона вирусот наложи прогласување на вонредна состојба, за прв пат во историјата на независна Македонија. Поради распуштеното Собрание и техничкиот карактер на Владата се постави прашањето колку оваа состојба е погодна за злоупотреби на моќта со неограничените можности за носење на уредби со законска сила. Воведувањето на забрани за движење и полициски час исто така загрижуваат многумина дека во пост КОВИД-19 периодот може да продолжат ограничувањата на човековите права од страна на политичките елити. Елмас Хасановиќ алумни на Фулбрајт, магистер по меѓународни студии и наука и политики на нуклеарно оружје, смета дека опасноста по демократијата е минимална иако можности за злоупотреби секогаш постојат. Хасановиќ смета дека државите и меѓународните организации како што сега покажуваат солидарност преку механизмите на НАТО и Европската Унија, така и ќе се насочат кон засилување на капацитетите за справување со цивилните кризни состојби и предизвици. Корона кризата го промени начинот на живот, свеста за јавното здравје се зголеми и се презедоа мерки за организирање на општествените активности, додека пак најмногу помош досега пристигнала од НАТО, што го покажува единството на сојузниците.

Фактор: Се наоѓаме во многу сложена економска состојба, како и пред тежок предизвик за организирање на општествениот живот при пандемија со КОВИД-19. Колку членството на Северна Македонија во НАТО може да помогне во собирање на странска помош и како сојузниците ја покажуваат солидарноста во овие мигови?

ХасановиќЧленството во НАТО е наша стратешка цел, и се покажа како мошне клучна во овие критични моменти. Тоа што може да се забележи е дека НАТО е единствен како никогаш досега. НАТО сојузниците пружаат активна помош на своите земји-членки во справување со последиците од КОВИД19, вклучително и Република Северна Македонија.

Комитетот за планирање на цивилни и вонредни состојби е највисокото советодавно тело на НАТО за заштита на цивилното население и употреба на цивилните ресурси за целите на НАТО, кој ја надгледува работата на Евроатлантскиот координативен центар за справување со кризи (EADRCC). Овој центар, e главен механизам за одговор при итни ситуации во случај на природни катастрофи каде што пристигаат барањата и понудите за хуманитарна помош, истите се процесуираат и се испраќаат до земјите-членки на НАТО, меѓународните организации и партнерските земји. Речиси сета помош која пристигна во Република Северна Македонија, освен таа од Словенија која беше преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, ја добива токму преку механизам на НАТО. Важно е да се напомене дека НАТО и претходно, во неколку наврати и помогнал на Северна Македонија, уште кога таа не беше членка. На пример, справување со последиците од поплавите во 2016.

Фактор: Дали НАТО може да одговори на глобални предизвици како што се пандемии, каква треба да биде улогата на алијансата?

ХасановиќНАТО сојузниците демонстрираа максимална спремност и подготвеност да се справат со секаков вид на глобални ризици ипредизвици. НАТО сојузниците имаат огромно искуство во справување со вакви ситуации, тие и претходно пружаа активна помош во борбата против еболата во Западна Африка, свинскиот грип Х1Н1 во Бугарија и Украина, недостатокот од човечки имуноглобулин во Романија итн. Сојузничките вооружени сили играат клучна улога во поддршката на националните капацитети за справување со коронавирусот. Оваа поддршка вклучува логистика и планирање,теренски болници, транспорт на пациенти, дезинфекција на јавни површини иобезбедување на граничните премини.Понатаму, сојузничките вооружени сили исто така пружаат активна поддршка на локалните заедници во зоните на делување на НАТО. На пример,Мисијата на КФОР предводена од САД испорача ракавици, маски за лице и други медицински материјали на граѓаните од Северна Митровица и наЈугот од Косово. Распоредувањето на медицинските тимови на НАТО, преставува еден вид гаранција за здравјето на војници, дека сите мерки на претпазливост се превземени за војниците да останат здрави и спремни за делување, со што не се врши дополнително оптоварување на локалните здравствени системи.

Фактор: Веќе два месеца на сила е вонредна состојба, а Владата практично има неограничена моќ на одлучување. Во многу примери од минатото кога држави кои поминувале низ кризи и воведувале ограничувања на човековите слободи постоеле тенденции ваквите зголемени надлежности да се задржат, како на пример Патриотскиот акт по нападот на 11 септември од кого произлегоа и програмите за масовно следење на разузнавачките агенции во име на националната безбедност. Постои ли опасност за демократиите низ Европа и светот по завршување на пандемијата?

ХасановиќУште на почетокот треба да разграничиме дека се работи за две тотално различни состојби. На 11 септември 2001 година, во САД беше извршен терористички напад. Факт! Поради тие напади, за прв пат беше активиран и членот 5 за колективна одбрана од Договорот на НАТО. Не сум запознаен какви сѐ законски регулативи биле усвоени во тој период, но при такви услови очекувано е да има измени на законската регулатива и безбедносно-разузнавачкиот сектор со цел зацврстување на безбедноста на државата.Но, тоа што денес ни се случува нам и на целиот свет е здравствена криза предизвикана од пандемија со корона вирус. Пристапот и мерките кои се превземаат за справување со овие ситуации кои вие ги посочувате се тотално различни.

Епидемијата со коронавирусот во Република Северна Македонија се случи во многу чувствителен период за нас, во кој Собранието веќе беше распуштено и беа распишани предвремени парламентарни избори. Во услови на т.н “техничка влада”, државните институции имаат одредени ограничувања во нивната работа. На пример, ограничувања во делот на јавните набавки, вработувањата и слично. Поради тоа, но и поради трендот на зголемување на бројот на новозаразени во тој период, за прв пат од осамостојувањето на државата беше воведена вонредна состојба. Во услови на вонредна состојбаВладата носи уредби со законска сила, кои се носат во координација со сите чинители (лекарите, полицијата, војската) и членовите на Главниот координативен кризен штаб. Овие уредби имаат за цел да му помогнат на здравствениот систем за поефикасно делување за заштита на здравјето на граѓаните, особено во делот на поедноставена постапка за набавка на медицинска опрема и средства за заштита, дезифициенти и сл.

Освен тоа, Владата е должна да води сметка и за опшествениот, економскиот и политичкиот живот на државата и граѓаните. Ограничувањата на одредени слободи на граѓаните, како што се ограничување на слобода на движење на граѓаните (полицискиот час), замрзнување на подготвителни дејствија за организирање на избори, финансиска помош за граѓаните и компаниите погодени од последиците на коронавирусот, затворање на границите, самоизолација и задолжителен карантин на граѓаните кои се враќаа во својата земја се во функција на заштита на здравјето на граѓаните и намалување на ширењето на коронавирусот, како и нормализација на животот на граѓаните во онаа мерка колку што дозволува самата ситуација во овие услови.

Важно е да се напомене дека овие закони имаат важност до составување на Собранието, кое потоа одлучува дали одредени уредби ќе продолжат да важат или не, имајќи предвид дека голем број од овие уредби се специфични и се однесуваат само на вонредната состојбапредизвикана од коронавирусот. Најголем дел од европските земји имаа функционално Собрание и влада и активностите се одвиваа регуларно, со примена на соодветни мерки. Ризикот од злоупотреба на законските овластувања секогаш постои, и во услови на пандемија и во нормални услови, и не гледам како демократиите би биле во опасност, посебно не кај нас.

Фактор: Веќе се најавува дека по продолжениот празничен викенд ќе следи и олеснување на мерките за забрана за движење и дека општеството ќе се враќа во нормала. Дали тоа е опасност за олабавување кај граѓаните дека ете најтешкото помина, на пример викендов во градскиот парк во Скопје речиси никој не носеше маски, па да следи нов бран на заразени, ќе бидат ли неопходни репресивни мерки за дисциплинирање?

ХасановиќТоа што малку се зборува овие денови е самосвеста и дисциплината на граѓаните. Сите мерки кои се на сила се во насока на, пред сѐ, заштита на здравјето на граѓаните. Во вакви услови, повеќе од било кога досега, граѓаните треба да бидат совесни и дисциплинирани. Со своето поведение, не само што го загрозуваат своето здравје, туку и здравјето на нивните најблиски и останатите граѓани. Оттука, опасност од враќање на нов бран секогаш постои, и тоа највеќе зависи од нас самите - колку се придржуваме до тие мерки? Меѓународната експертска јавност е сѐ погласна дека на есен, најверојатно, ќе нисе случи нов бран. Но, во услови кога кривата на новозаразени опаѓа, а бројката на излечени се зголемува, ние како и целиот свет мора да се прилагодуваме на новата “нормална” ситуација, и да настојуваме да си го нормализираме животот согласно новонастанатата ситуација. Сметам дека е исправна одлуката за постепено олабавување на мерките, и преку размена на позитивни практики и искуства со Европската Унија, САД и НАТО, да ја покренеме економијата и да го нормализираме опшествено-политичкиот живот на граѓаните.Се разбира, несовесните граѓани кои демонстрирале поведение кое се коси со законските одредби и ги прекршуваат мерките, треба да понесат соодветна одговорност. На тој начин, се испраќа порака и до сите останати дека треба да ги почитуваат мерките и законите кои се на сила.

Фактор: Од твоето досегашно искуство и работа со меѓународни организации може ли да се направат прогнози какви политички поместувања ќе донесе пандемијата со КОВИД-19, често се употребува фразата повеќе нема ништо да биде исто, но ако не е исто тогаш што не очекува на геополитички план?

ХасановиќТоа што ќе се смени кај нас, а верувам и во земјите од Западен Балкан, е начинот на живеење. Оваа криза ни помогна да се адаптираме на услови кои претходно беа табу тема. На пример, работа која не налага присуство на работно место да се работи од дома, образовниот процес да се одвива преку електронски пат, се зголеми онлајн продажбата и доставата и слично. Освен тоа, ќе се смени и начинот на комуникација и делување во опшеството. Сметам дека одреден период граѓаните ќе се воздржуваат од близок контакт со луѓето од нивното опкружување, ќе практикуваат социјална дистанца, и навиките за редовна дезинфекција на работните површини, рацете и просториите ќе станат навика. Со други зборови, очекувам да се промени свеста кај граѓаните бидејќи само со научени лекции ќе можеме успешно да се справиме со сите идни предизвици од ваков тип.

Тоа што е највпечатливо е дека пандемијата со КОВИД19 уште повеќе ја зацврсти кохезијата внатре во ЕУ и помеѓу НАТО сојузниците. Сметам дека во иднина т.н „меки“ безбедносни прашања како што се глобалното здравје, климатските промени, миграцијата, и другите хибридни закани, ќе бидат поголеми и поинтензивни од т.н„тврди“ безбедносни проблеми, како што се закана од конвенционално и/или нуклеарно оружје. Во таа насока, постои голема веројатност дека во наредниот период, државите и меѓународните организации ќе ги максимилизираат своите напори и ресурси за зацврстување на отпорноста на нивните опшества, како и градење и унапредување на капацитетите за справување со цивилни кризни состојби.

Иако Кина, во соработка со Русија, се наметнува како глобален играч, не очекувам да имапромена во балансот на силите. Секако, руските и кинеските активности ќе продолжат да се следат одблизу, но НАТО поседува воено-технолошки одбрамбени капацитети да одговори на секаков вид на закана или евентуална агресија од страна на било кој државен или недржавен актор. За илустрација, соодносот на силите помеѓу НАТО Алијансата и Русија изнесува 3,44 : 1.Според податоците на Светска Банка иНАТО, вкупните буџетски трошоци за одбраната на НАТО сојузниците за 2018 година изнесувале над 970 милјарди УСД, што е речиси 16 пати повеќе од буџетските трошоци за одбраната на Русија, и за 4 пати повеќе од Кина. Во 2019 година, вкупните буџетските трошоци за одбраната на НАТО сојузниците изнесувале над еден трилион милиони УСД.Опасноста од хибридните закани, дезинформативните кампањи, сајбер нападии сл., ќе стане се поголема и поинтезивна.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“