28 Март, 2024
0.0281

АНАЛИЗА: Можностите за подигнување на нивото на онлајн образованието во услови на Ковид-19

Објавено во: Македонија, Колумни 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата од Ковид-19 предизвика нарушување на образовните процеси, посебно во основното и средното образование, каде предизвика голем застој (и веројатно нееднаков во разни училишта) во процесот на учењето; нарушувања во процесот и начинот на оценување; и нивна замена со онлајн алтернатива. Оваа колумна разгледува што може да се стори за наредната академска година да се ублажат овие негативни влијанија и кои се можностите за квалитативно подигнување на нивото на образованието за наредната година во услови на Ковид-19. Авторот и самиот родител на дете во основно училиште се обидува да придонесе со овие анализи и предлози, за децата да имаат подобро образование и детство.

Проблемите кои настанаа од Ковид-19

Сведоци сме дека кризата со глобалната пандемија од Ковид-19 во услови кога многу малку се знаеше и се уште малку се знае за самиот вирус, ја наметна глобалната дилема меѓу затворањето на институциите заради намалување на контактите или нивно отворање, дозволувајќи им да работат заради одржување на економијата. Истиот проблем и пристап се примени и во образованието. Но, се поставува прашањето дали училиштата ја имаа потребната инфраструктура и беа спремни за алтернативно решение како онлајн образование, кое се наметна како единствено решение? Дали имаше потреба за обука на наставниците? Дали наставниците беа оставени сами на себе, да наоѓаат решенија? Сите овие прашања остануваат за во иднина. За секоја пофалба се повеќето наставници кои самоинцијативно почнаа да истражуваат за разните образовни софтверски системи, каде и кога беше можно користеа системи за учење од далечина како алтернативно решение за да се ограничи застојот на овразовните процеси, но која беше различно реализирана во разни училишта во зависност од постојната инфраструктура и нивото на подготвеност за криза како што е оваа.

Некои влијанија од овие одлуки, кои не се веднаш видливи, за жал, се многу значајни и ќе се појават на среден и долг рок.

Различните пристапи од наставник до наставник и различните неусогласени софтверски решенија кои се користеа предизвикаа дополнителен проблеми и притисоци до учениците и нивните родители. Нестандардниот пристап и разните решенија од предмет до предмет повеќе го усложнија образовниот процес. Повеќето родители, во желба да помогнат, прво тоа го направија со купување на компјутери, а потоа и со купување и поставување на подобра интернет врска, за да можат да ги следат без прекин видео предавањата. А што стана со тие кои не можеа да си го дозволат тоа финансиски?  Како можеа наставниците да помогнат ако ученикот имаше слаба интернет врска? Дополнителен проблем настана и глобално кога интернет брзините во просек паднаа некаде за 20 отсто во светски рамки, според различни истражувања. Потоа, предавањата во класична училница и онлајн предавањата се различни и бараат различен пристап. Ова се само некои од повеќето проблеми кои укажуваат на комплексноста на самиот проблем. Но во услови кога пандемијата нема да запре и истата ситуација ни се спрема и за наредната академска година, дали е во ред да седиме со скрстени раце кога можеме да ги ублажиме и надминеме некои од овие проблеми? Што може да се стори за да се надминат некои од проблемите посебно во основното образование кое и беше најпогодено.

Можностите за подигнување на нивото на Онлине Образованието во услови на Ковид-19

Платформа за Учење

Иако постојат различни софтверски платформи за учење наречени ЛМС- Системи за менаџирање на учењето, почнувајќи од Модле, Сакаи, Гогле Класром и многу други решенија, сепак треба да се користи еден ист систем за сите училишта и тој треба да биде во надлежност на Министерствоот за Образование МОН. Ако им се остави на училиштата сами да си го решат овој проблем и користат некои од постоечките системи, поради различните конфигурации и одржување на системот, повеќето училишта нема да бидат во можност тоа да го направат а и ќе настане шароликост и нема да биде лесно да се оцени и помогне во училиштата со ист пристап.

Развојот на единствена платформа за учење за основно и средно образование е системско решение и полесно е централно да се менаџира од МОН. Во оваа платформа ќе се треба да се постават сите основни и средни училишта и наставни содржини организирани по години. Секако, ќе треба да се постави и систем за онлајн испитување, или да се поврзе и интегрира со некои од постоечките и бесплатни како - www.exam.net.

Со вакво решение и МОН ќе има пристап во реално време и ќе има појасна слика за образовниот процес во секое училиште, и тоа не само административно како што имаше досега. Тука треба да се обрне внимание на проблемот дека повеќето наставници не сакаат нивните предавања да ги видат сите и затоа во самата платформа мора јасно да постои опција за јавен и локален приказ на материјалите до сите. Јавен значи дека пристап ќе имаат сите ученици и родители дури и од другите училишта, додека локален само своите ученици и нивните родители. Оваа опција секој наставник ќе може да ја селектира. Со овој начин и пристап дополнително се поставува позитивен поттик и креативен натпревар во образовниот процес, нормално за тие што ќе одлучат јавно да ги прикажат содржините, и најдобрите и најкреативните наставници ќе имаат пристап до повеќе ученици и од другите училишта кои ќе можа дополнително да учат и од нивните содржини, видеа, дополнителни текстови, решени задачи итн. Ова ќе овозможи МОН да ги класифицира и издвои најдобрите образовни содржини и тие може паралелно да ги прикажува како и досега и на телевизиските канали. 

Обука на наставниците

Обуката на наставниците може да се следи и прикаже преку телевизиските канали, а посебно и преку посебен дел во платформата наречен „Обука“. Таму ќе се поставуваат видео обуки за користење на платформата и материјалите и разните правилници за оценување, мостри за спремање на наставниот час за онлајн предавање, и разни други материјали кои ќе бидат поставени од МОН. Исто така, сите наставници кои сакаат повеќе можности за дополнителни обуки, да може да аплицираат за различни сертификати преку платформата. Некои од овие сертификати МОН може да ги спреми и доделува преку COURSERA платформата, која е специализирана за ова и има готови алатки. 

Наставниците одат на Настава во училници и држат настава која се снима

Што со наставниците кои ја немаат потребна инфраструктура и немаат пристап до интернет, а впрочем и не сакаат да ги користат новите технологии.

Можеби, процесот треба обратно да се дефинира. Сите наставници, со исклучок на тие кои писмено ќе достават барање за онлајн работење, да одат на настава според распоредот како и секогаш како го правеле тоа, во училници и држат настава која се снима и после се поставува на платформата од ИТ (Информатичка Технологија) како поддршка на училиштето. На овој начин секој го почитува распоредот за предавања и си држи настава во училница и не мора да се грижи за учење на новите технологии. Тука сите материјали ќе ги поставуваат ИТ поддршката на училиштето. На овој начин се отвора можноста и за 1/4 од учениците, кои со посебно барање, а кои немаат инфраструктурни можности, немаат интернет, или поради други услови да следат онлајн предавања и ќе сакаат да ја следат наставата, да можат заедно со тие професори да бидат во училница кога тој ќе предава, со тоа што ќе се почитуваат сите здравствени стандарди за оддалеченост од најмалку два метра од другите и редовна дезинфекција на рацете за време на паузите. Што ако некои предметни професори предаваат онлајн? Тогаш тие часови од училница си продолжуваат да ги следат преку проекторите и видео бимот во училницата.   

Потребата од канцеларија за ИТ подршка во училиштата

Ако сакаме да станеме општество засновано на знаења треба да се постави и образовниот систем на здрави основи. Како што секое училиште има педагог и психолог, крајно време е да има и најмалку еден вработен ИТ експерт за подршка на наставата и електронските системи за учење и оценување и подршка на администрацијата. Со тек на времето и во најдобар случај би требало да има канцеларија за ИТ поддршка со неколку вработени за разните системи, учење, администрација, техничка подршка за учениците и родителите. ИТ подршката е реално потребна за наставниците и за повеќето од нив ќе ги поставуваат наставните содржини, а во почеток дури и снимаат наставниците и нивните предавања, се додека тие не се научат самите. Во принцип снимањето треба да се конфигурира наутро во почетокот на наставата и на крајот да се изгасни системот на крајот на сите предавања. Гоогле Мет бесплатната алатка од Гогле овозможува и снимање на сите предавања преку видео конференција со неограничено време и нивно зачувување онлине на серверите на Гогле со што нема потреба да се финансиски оптовари и буџетот на МОН. Во самата платформа ќе се постават само линковите до овие снимени предавања а кои ќе бидат хостирани (ставени) на Гогле дриве. Организационо тука е добро да се држи една Гогле Мет адреса за видео конференција за една група на ученици и само наставниците се логираат за време не нивниот час во линкот за предавањата преку видео конференција Гогле Мет. Тука ќе има потреба на  секое училиште да им се отворат беплатни емаил адреси во Гогле и сите ученици кога ќе имаат потреба да се логираат посебно ако лекциите се „локални“ и нема да бидат јавни, тоа да може да го сторат преку нивните Гогле емаилови. 

Зајакнување на административните образовни процеси

Преку платформата ќе може дополнително и да се зајакнат административните процедури, па и комуникација, па така сите состаноци во училиштата да се реализираат преку видео конференција преку Гогле Мет. Во самата платформа може да се постават различни административни барања да се поднесат онлине преку алатката Гогле Формс која е истотака бесплатна, за да учениците и нивните родители да ги добиваат документите дигитално онлине или преку доставување во нивната домашна адреса. За да се реализира сето ова во самата платформа треба да се планира и делот за Администрација за секое училиште посебно, освен листата на предмети организирани по години значи треба да се постави и посебен фолдер за Администрација.

Сите пристапи и проблеми може да имаат и други решенија но секако од некаде треба да се започне пошто време немаме и децата од нас чекаат.

Пристапите ќе треба да вклучуваат прилагодување на академски календар, приоритизирање на предметите според наставниците за целосна подготовка пред започувањето на академската година, земајќи во предвид дека пандемијата може и долго да потрае и продолжувајќи со учење од далечина во комбинација и паралелно со предавање во училиштата. Време е да се осврнеме на научените лекции и да го користиме моментумот да се подготват училиштата, да се инвестира во инфраструктурата и платформата и да се зајакнат системските решенија.

Проф.Др. Беким Фетаји

Универзитетски Професор по Информатика (со работно искуство од над 20 години во образованието) 

Проректор за Наука во Универзитето Мајка Тереза во Скопје

Контакт: Bekim.fetaji@unt.edu.mk

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“