24 Април, 2024
0.0263

Анализа: Ќе ни донесе ли влезот во НАТО странски инвестиции ?

Објавено во: Анализа, Колумни 09 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во насока на анализата од оваа колумна најпрво да ги дефинираме факторите кои влијаат на странски директни инвестиции, а тоа се : стабилна економска политика, низок степен на корупција, владеење на правото, стабилноста не земјата и бизнис опкружувањето.

Нашата земја има недоволно искористена можност за странски инвестиции што во голема мера се должи и на општествените и политички фактори кои влијаат на инвеститорите.

А што ќе промени влезот во НАТО алијаната кога алијансата не се залага за економски просперитет и раст на една земја туку на колективна безбедност на сите членки?

Да се навратиме на факторите кои директно влијаат на странски инвестиции, а тоа е стабилност на земјата и стабилна економска политика. Економскиот перформанс е во корелација со можноста на земјата да обезбеди долготрајна сигурност и стабилност. Овие фактори не влијаат само на бизнисмените во земјата туку и на градење и подигање на довербата кај странските инвеститори.

Според тоа директната функција на НАТО, провизијата на безбедност има огромен позитивен ефект на политичката и економска стабилност на земјата. Безбедно општество отвора можност за подобрување на институционалната економска рамка, владеење на правото, национална безбедност и сл. Со таква политичка, правна и економска промена, нашата земја може да го зголеми потенцијалот и да порасне од локална и изолирана економија до отворена и попристапна.

За пример да ги земеме Естонија и Чешка кои пристапија кон НАТО во 2004 и 1999. Само во Естонија странските директни инвестиции се зголемија од 965.8 милиони долари до 3.1 билиони долари, додека во Чешка бројката достигнува зголемување до 6 билиони долари што е два пати повеќе од претходно.

Во јуни 2017 Црна Гора стана 29тата членка на НАТО што значително ја зголеми атрактивноста на земјата како инвестициска дестинација. Според податоците на Народната Банка на Црна Гора во првите шест месеци по пристапот Црна Гора го бележи најголемиот влез на странски инвестиции од 215, 2 милиони евра споредбено со 2017 кога влезот на странски инвестиции беше 96, 6 милиони евра. Најголемите инвестиции доаѓаат токму од Италија, Унгарија, Турција и Белгија, земји членки на НАТО.

Според примерите на дел од земјите членки, можеме да заклучиме дека влезот во НАТО отвора огромни можности за странски директни инвестиции како во реалниот сектор така и на македонската берза.



пишува Аријана Коскарова, MBA