18 Февруари, 2025
0.0268

АМСТЕРДАМ, ПАРИЗ И ФРАНКФУРТ ВО ТЕСНА ТРКА - расте бројот на летови од Европа, и соседите во врвот

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во 2024 година, во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални летови, и забележан е раст од 5,8 проценти во споредба со 2023 година кога биле остварени 6,3 милиони летови, објави европскиот статистички центар „Евростат“.

Сепак, статистичарите укажуваат дека бројот на летови, и покрај новото зголемување регистрирано во текот на минатата година, остана под нивоата пред пандемијата. Имено во текот на 2019 година беше достигнат пикот и беа реализирани 7 милиони комерцијални летови.

Што се однесува пак до нередовните комерцијални летови или попознати како чартер летови и други специјални летови, тие опфаќаат 8,7 проценти од сите летови во 2024 година. 

- Бројките покажуваат дека во текот на летните месеци - јуни, јули и август се остваруваат најголем број од нередовни летови. Имено, во текот на јуни нивниот опфат достигнал 10,3 отсто од вкупниот број на летови, во јули благо се зголемил на 10,7 проценти, додека во агуст благо се намалил и достигнал 10,1 отсто од вкупниот број на летови - се истакнува во извештајот на „Евростат“.

Амстердам на самиот врв по бројот на комерцијални летови во 2024 година

Најголем број на комерцијални летови во 2024 година е остварен од аеродромот во Амстердам „Сипхол“. Од овој аеродром во Холандија биле остварени 484.000 летови. По него следува аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, Франција, од каде биле реализирани 463.000 летови. Трет на листата на аеродроми од каде се остварени најголем број летови е аеродромот во Франкфурт, Германија од каде биле реализирани 437.000 комерцијални летови.

По нив следуваат два аеродрома во Шпанија, поточно аеродромот во Мадрид, и во Барселона, а потоа доаѓа аеродромот во Минхен, Германија па Рим во Италија. Меѓу првите десет аеродроми, со најголем број летови се и аеродормот во Атина, Грција, па Виена во Австрија и Даблин во Ирска.


Меѓу 10-те аеродроми со најголем број комерцијални летови, најголем дел од нередовните линии се направени во Атина, Грција, по што следуваат Виена во Австрија па Мадрид во Шпанија.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ

МАСОВНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАБОВИ И ЛОКАЛИ НИЗ ЦЕЛА БРИТАНИЈА: Без работа останаа 4.500 работници

МАСОВНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАБОВИ И ЛОКАЛИ НИЗ ЦЕЛА БРИТАНИЈА: Без работа останаа 4.500 работници

ПОВИЦИТЕ НА ТРАМП НЕ БЕА ДОВОЛНИ: ОПЕК + најверојатно повторно ќе го одложи зголемувањето на производството на нафта

ПОВИЦИТЕ НА ТРАМП НЕ БЕА ДОВОЛНИ: ОПЕК + најверојатно повторно ќе го одложи зголемувањето на производството на нафта