23 Април, 2024
0.0297

АМСМ: Гужви на Табановце и Богородица, се чека до еден час

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Поради зголемента фрекфенција од возила, на граничните премини Табановце и Богородица се чека од 30 минути до 1 час, информираат од АМСМ и напоменуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози. За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци-Куманово во двата правци од 16.07.2013 година започна геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува внимателно управување со возилата поради присуство на работници на споменатиот патен правец. Според информација од Министерството за транспорт и врски, воведена е времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08 секоја тековна година. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација (табли). На патниот правец Гостивар – Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година. На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 кулометар пред тунелот Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА