Американската полиција убила илјада луѓе
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2019
Полицијата на САД во минатата 2018 година убила 992 американски граѓани, покажуваат податоците кои ги собрал Вашингтон пост. И во во 2017 и 2016 година бројката е приближна, што можа де се заклучи дека нема напредок на ова поле во Америка.
Повеќе од половина од убиените носеле огнено оружје, односно само 551 од нив, но повеќе од сто лица биле невооружени или не е познато дали тие имале оружје. Во 35 случаи, убиецот имал лажно оружје-играчка.
Поголемиот дел од убиените се Белци, 452, но бројот на убиени црнци е релативно голем (229), со оглед дека тринаесет проценти од Американците припаѓаат на оваа група.
Знаци на ментална болест кај застреланите претходно покажувале повеќе од 200 убиени.