19 Април, 2024
0.0261

Американската aгенција за храна и лекови: IQOS е производ со модифициран ризик

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Светски реномираната агенција за храна и лекови на САД (ФДА) даде одобрување дека IQOS (ајкос), производ на Филип Морис кој го загрева, а него гори тутунот, може да се класифицира во категорија„тутунски производ со модифициран ризик“ (МРТП),како и дека одобрението да се информираат потрошувачите за намалената изложеност на штетни материи при користење на овој уред е во согласност со промоцијата на јавното здравје.

IQOS е првиот и единствен електронски производ кој користи никотинкој оваа реномирана агенција од областа на јавно здравје го класифицираше во категоријата „производи со модифициран ризик“, објаснувајќи ја својата одлука со следниве заклучоци:

“a) IQOS го загрева, а не го гори тутунот;

б) употребата на овој уред значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни хемикалии;

в) научните истражувања потврдуваат дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.

„Оваа одлука на ФДА претставува историска пресвртница во областа на јавното здравје. Таа значително го надоградува растечкиот научен консензус дека IQOS е подобар избор отколку да се продолжи со пушење, рече Александар Јаковљевиќ, извршен директор на Филип Морис за Југоисточна Европа, додавајќи дека IQOS е фундаментално различен од традиционалните цигари и поради тоа мора да има фундаментално различна регулаторна рамка. „Соработката меѓу владите и организациите кои се грижат за јавното здравје, како што е демонстрирано во оваа прилика во САД, ќе придонесе за побрза транзиција на возрасните пушачи кон производи што се подобар избор за нивното здравје. Сè уште најдобра опција која не носи никаков ризик е никогаш да не се почне со пушење или целосно да се остават сите производи кои содржат никотин, но за оние кои нема да престанат да пушат, најдоброто што можат да направат е целосно да се префрлат на контролирани, научно базирани, бездимни производи. Заклучно со 31ви март оваа година, 10,6 милиони пушачи ширум светот целосно се откажаа од цигарите и се префрлија на IQOS, додаде Јаковљевиќ и заклучи дека иновациите како оваа, можат драматично да го забрзаат намалувањето на бројот на пушачи, што е исклучителна приликашто не смее да се пропушти.

Одлуката на  Американската агенција захрана и лековида се одобри апликацијата на Филип Морис со која IQOS се класифицира во категоријататутунски производи со модифициран ризик“, следеше по сеопфатна и ригорозна анализа од страна на Агенцијата на обемната научна документација која компанијата ја достави во декември 2016 година. На оваа одлука му претходеше и одобрувањето од страна на ФДА во април 2019 година, кое овозможи комерцијализација на IQOS на американскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година