АМЦ продавниците повторно ќе се отворат: Предложен план за реорганизација
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2019
Продавниците на АМЦ наскоро повторно ќе бидат отворени и компанијата ќе почне со работа. Фактор дознава дека е предложен план за реорганизација на фирмата кој бил прифатлив и за доверителите.
Од менаџментот уверуваат дека со стартот на работата за брзо време, односно по завршување на процедурите, ќе бидат услужени и сите клиенти кои имаат потреба од сервис за гаранциите на производите кои ги купиле.
Процедурите се во тек и менаџерите се надеваат дека се ќе се заврши во најскоро можно време.
Моментно сите продавници на АМЦ во државата се затворени. Дел од граѓаните кои купиле производи таму прашуваа што со гарaнциите и сервисирањето, но сега се тврди дека ова нема да е крај за компаниајта туку по планот за реорганизација, фирмата повторно ќе работи.