АМАЗОН ЈА НАПРАВИ НАЈГОЛЕМАТА НАРАЧКА ОД МЕРЦЕДЕС: Купува електрични камиони кои ќе возат низ Европа
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2025
Мерцедес има нов електричен камион, eActros 600, кој беше претставен
минатата есен, но почна да се произведува кон крајот на 2024 година. Станува
збор за камион со огромна батерија од 600 kWh, која треба да му обезбеди 500
километри автономија, односно
максимално поминато растојание и е првиот сериски модел со амблем на
Mercedes кој дебитира со технолошка
структура од 800 волти, пишува HAK Revija.
Мерцедес објави дека ја добил најголемата нарачка за електрични камиони во својата историја, 200 камиони, а барањето доаѓа директно од компанијата на Џеф Безос, Амазон.
Електричните камиони сега нарачани од Амазон ќе работат низ Европа и ќе превезуваат контејнери за испорака од пристаништата до дистрибутивните центри и обратно. Околу 140 камиони ќе работат во Велика Британија и уште 50 во Германија. Севкупно, новите камиони ќе превезуваат околу 350 милиони пакети со нулта емисија годишно, или речиси еден милион пакети дневно.
Инженерите на Mercedes се горди на својата задна оска со интегрирани електрични мотори, а батериите тежат 4,5 тони.
фото: YouTube/Print ScreenМожеби ќе ве интересира
ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ

МАСОВНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАБОВИ И ЛОКАЛИ НИЗ ЦЕЛА БРИТАНИЈА: Без работа останаа 4.500 работници
ПОВИЦИТЕ НА ТРАМП НЕ БЕА ДОВОЛНИ: ОПЕК + најверојатно повторно ќе го одложи зголемувањето на производството на нафта
