АМАЗОН ГО ЗАСЕНИ ГУГЛ: Како американскиот гигант стана водечки глобален бренд?
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2019
Амазон скокна од третото место на прво и го засени Гугл кој се лизна од првото на трето место, додека Епл го задржа второто место на листата највредни брендови.
Вредноста на брендот Амазон порасна на 315 милијарди долари и така американскиот технолошки гигант ги пристигна Епл и Гугл и така стана највреден бренд на светот, покажува објавеното истражување од вторникот.
Амазон, кој во својата гаража во 1994 година го основаше Џеф Безос, стигна на врвот на листата благодарение на клучните аквизации, врвни кориснички услуги и иновативен бизнис модел.
-Паметните аквизации, кои доведоа до нови извори на приходи, исклучително пружање на услуги на корисниците и способноста да се остане пред своите конкуренти нудејќи ја разноликоста на збирот од производи и услуги му овозможиле на Амазон конкурентно да ја забрза вредноста на бреднот-соопштил Кантар.
Меѓу првите десет компании повторно доминираат американските фирми - Епл со 309,5 милијарди долари, Гугл со 309 милијарди милијарди, и Мајкрософт со 251 милијарди долари.
Прв пат Алибаба го претекна Тенцент, и стана највреден кинески бренд.