Алтмајер: Интерес на сите е Западен Балкан да се интегрира во ЕУ
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019
Германскиот министер за економија Питер Алтмајер, кој денес е во посета на Белград, вели дека за земјите од Западен Балкан, како и за Европската унија (ЕУ), изгледите за пристапување се исклучителна можност која обете страни треба да ја искористат.
„Затоа, јас сум разочаран од одлуката на Европскиот совет во врска со Северна Македонија и Албанија. Во интерес на сите нас е целиот Западен Балкан да се интегрира во ЕУ “, рече Алтмајер за „Политика “.
Тој додаде дека некои од клучните прашања во пристапниот процес се продолжување на помирувањето меѓу балканските земји и засилување на регионалната соработка и дека Германија ги охрабрува овие теми во рамките на Берлинскиот процес.
„Во иднина, процесот на проширување на ЕУ ќе биде уште повеќе ориентиран кон вистински напредок во областа на криминалот и корупцијата“, рече Алтмајер, додавајќи дека разговорите за пристап опфаќаат и добро управување.
Германскиот министер за економија кој денеска ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Србија има силен напредок во областа на економијата и владеењето на правото.
По повод средбата со Алтмареј, Вучиќ синоќа изјави дека повторно ќе се обиде да го донесе Фолксваген во Србија.
Алтмареј во интервју за „Билд“ пак посочи дека преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат што поскоро.