15 Октомври, 2024
0.0258

АЛЕКСАНДРУПОЛИ ПОЧНУВА СО РАБОТА: ќе испорачува гас до Бугарија, Романија, Македонија, Србија...

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Северна Македонија ќе се снабдуваат со природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Гастрејд“, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од најважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, „надградувајќи ја улогата и важноста на Грција на модерната енергетска карта на Европа, што ја прави енергетска порта за повеќе од девет земји“.

- Терминалот за ЛНГ Александруполи, освен од пловната единица за складирање и регасификација (FSRU), се состои и од подморски и копнен гасовод за пренос на природен гас, кој го поврзува FSRU со грчкиот преносен систем и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија, на исток до Молдавија и Украина, како и до Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица, „АЛЕКСАНДРОУПОЛИС“ именувана во чест на градот и неговите жители, кои го прифатија овој амбициозен проект од самиот почеток, располага со најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно, соопштија од „Гастрејд“. 

На крајот на март 2021 година, Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција,

Од тогашната македонска Влада соопштија дека „согласно договорот нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александруполи која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра“ и дека е предвидено учество и „со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал“.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Царинската управа преку зголемени казни до поголеми приходи

Царинската управа преку зголемени казни до поголеми приходи

Фон дер Лајен ја најави првата транша до крајот на годината, Македонија очекува помош од 52,5 милиони евра

Фон дер Лајен ја најави првата транша до крајот на годината, Македонија очекува помош од 52,5 милиони евра

Се гаси уште една голема германска компанија

Се гаси уште една голема германска компанија

Бектеши бара ЕСМ да каже колку пари троши за набавка на струја од берза, од таму велат дека поранешниот министер е виновен за таа ситуација

Бектеши бара ЕСМ да каже колку пари троши за набавка на струја од берза, од таму велат дека поранешниот министер е виновен за таа ситуација

„АКО ПРОДОЛЖИМЕ СО ВАКВА НАПЛАТА НА ПРИХОДИТЕ, МОЖЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ПОГОЛЕМИ ПОКАЧУВАЊА“ - еве што вели министерката за финансии за платите

„АКО ПРОДОЛЖИМЕ СО ВАКВА НАПЛАТА НА ПРИХОДИТЕ, МОЖЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ПОГОЛЕМИ ПОКАЧУВАЊА“ - еве што вели министерката за финансии за платите

ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА - цените на бензините рипаат за 2,5 денари, еве колку ќе поскапат останатите

ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА - цените на бензините рипаат за 2,5 денари, еве колку ќе поскапат останатите

ЛУФТХАНЗА ЌЕ ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ ВО ГЕРМАНИЈА - меѓународните превозници се повеќе ја избегнуваат, можат ли да ја изгубат врската со светот

ЛУФТХАНЗА ЌЕ ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ ВО ГЕРМАНИЈА - меѓународните превозници се повеќе ја избегнуваат, можат ли да ја изгубат врската со светот

КОЈ ГРАД ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мала земја, голем разлки во трошоците за граѓаните, еве какви се движањата низ градовите

КОЈ ГРАД ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мала земја, голем разлки во трошоците за граѓаните, еве какви се движањата низ градовите