19 Април, 2024
0.0282

Александар Кирацовски: Не мора баш сега кога стигнавме пред портите на ЕУ да имаме исти гледишта со Бугарија

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, објави дека своевремено мнозинството во Собранието немало да го ратификува Договорот за добрососедство со Бугарија доколку имало изрична можност да се стави вето на патот на Македонија кон интегрирањето во Европската Унија.
„Како пратеник кој со гордост го гласаше договорот за пријателство и добрососедство со Р. Бугарија во 2017 год. никаде во истиот не сретнав условеност помеѓу работата на експертската комисија за историски и образовни прашања со евентуална можност за политичка одлука за Вето врз нашите евроинтеграции од страна на Бугарија.

Доколку тоа и малку провејуваше во договорот, сигурен сум дека нашиот парламент немаше да го ратификува. Напротив истиот се карактеризира со заедништво во ставовите, заемна поддршка кон најважните прашања, вклучително и нашата ЕУ интеграција, како и разбирање кон внатрешно политичките и општествени состојби во двете земји.

Најконкретниот автентичен приказ од договорот кој се осврнува на она што денес индиректно претставува проблем гласи - „Двете договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани.“

Кирацовски смета дека во моментов не требва да се распламтува говор на омраза и решенијата во иднина да се бараат со ладни глави, затоа што одлуките на комисијата се темелат на паритетна основа. Тој баланс, вели Кирацовски, се нарушува во истиот момент кога претставници на еден паритет посегнуваат по ексклузивната сила на вето.
Кирацовски бара „Ревносното продолжување на пријателските тонови и одржување на нашето добрососедство со Р. Бугарија и нејзините граѓани (кои го вршат главниот притисок врз политичарите), уверувајќи ги во нашата насушна потреба од евроинтеграциите кои за нас значат конечно подобрување на животот на граѓаните во нашата Македонија по сите основи;

Кога некој (неоправдано) физички ќе нападне некого, тој како причина за тоа, често пати, ја наведува пцовката од повредениот која доаѓа како последица од истиот напад кој се случил пред пцовката. Aпсурдно, но функционира.

Затоа е важно, како граѓани и држава, да не дозволиме нашиот револт кој го чувствуваме од нанесената неправда (бугарското Вето врз нашиот почеток на преговорите со ЕУ), да се преточи во едно од главните оправдувања на бугарската дипломатија за нивните идни опструкции со коишто мнозинството бугарски граѓани сигурно не се согласуваат.“, како и „Убедување дека претходно наведеното и не мора да е условено од различните гледишта на претставниците во заедничката експертска комисија, а ниту пак од различните согледување на политичарите од двете земји. 

Или народски кажано - Па и не мора баш сега кога едвај стигнавме до портите на ЕУ да имаме исти гледишта кон одредени историски настани, а токму тоа да е проблем за нашата иднина. 

Комисијата не мора да се договори веднаш за сите прашања, кои не се решени со децении. 

Нели, пријателство е и ако се согласеме дека не мора за се’ да се согласеме!

Можеме да дебатираме и во иднина, кога страстите ќе стивнат, а и ние ќе бидеме земја членка на ЕУ која никогаш не би ја искористила силата на Вето за прашања од ваков тип.

Впрочем, општо е прифатено дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, негуваат македонска култура и имаат чувство на самоопределување посилно од самите себе!“, тврди поранешниот функционер на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните