Албанската влада издвои 370 милиони долари за борба против коронавирусот
Објавено во: Економија 20 Март, 2020
Албанскиот премиер Еди Рама го претстави планот од 7 точки на неговата влада за решавање на потребите за финансирање на оние кои се директно погодени како резултат на економијата парализирана од коронавирусот. Рама најави дека над 370 милиони американски долари ќе одат за здравство, бизнис и за сиромашните.
25 милиони американски долари ќе му бидат префрлени на Министерството за здравство за обезбедување медицински материјали и поддршка на целиот ангажиран медицински персонал. 100 милиони американски долари ќе бидат наменети за компании кои имаат објективни потешкотии во плаќањето на платите на своите вработени.
65 милиони долари за најнепосредни потреби на малите бизниси кои се соочуваат со потенцијално намалување на работните места. 20 милиони американски долари на располагање ќе има Министерството за одбрана за хуманитарни дејности. 10 милиони долари како резервен фонд ќе одат за Советот на министри за какви било вонредни состојби.
„Ние трајно ќе ги бришеме каматните плаќања за активни должници за потрошувачка на енергија. Тоа се семејства и мали бизнис, со финансиска помош до 150 милиони американски долари. Од оваа мерка ќе имаат корист 211 024 претплатници“, рече Рама.
Плаќањето на даноците за добивки од 20.000 до 140.000 долари се одложуваат за во втората половина на 2020 година.