Албанија не дозволи на нејзина територија да влезат 52 екстремни Грци
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2018
Албанија забрани влез на 52 Грци.
Властите во земјата забранија влез во земјата на 52 Грци на погребот на убиениот Грк, албански државјанин од погранично место со Грција.
Албанската полиција го уби Гркот, што доведе до голем дипломатски инцидент меѓу двете соседни земји. За Тирана ова е легитимен чин затоа што Кацифас бил тој што прв пукал кон полицаецот кој го убил Гркот во самоодбрана.
,,Нивното неподносливо екстремистичко однесување го подрива суверенитетот, како и националната и јавна безбедност”, изјави Александер Љешај од Министерствто за внатрешни работи на Албанија.
Грчкото Министерство за надворешни работи на ова одговори со барање повеќе детали за одлуката на албанските власти да не ги им дозволат влез на нивните државјани за да присуствуваат на погребот на застреланиот Грк.
На погребот на Константинос Кацифас имаше неколку стотици Грци, кои носеа грчки знамиња и скандираа националистички слогани.