АЛБАНИЈА НАПРЕДУВА СО ТУРИЗМОТ: За шест месеци остварила рекордни 1,9 милијарди евра приход
Објавено во: Балкан 11 Септември, 2024
Западниот сосед бележи добри резултати на полето на туризмот. Албанија за шест месеци остварила рекордни 1,9 милијарди евра од туризам.
Според податоците на Централна банка на Албанија, само во периодот април-јуни приходите изнесуваат околу 1,1 милијарда евра, а во првите три месеци оваа бројка изнесува 788 милиони евра.
Според ИНСТАТ, пак, во првите 6 месеци од годинава во земјата престојувале 4,5 милиони странски државјани, со зголемување од 34 отсто во однос на истиот период минатата година.
„Приходите од туризмот покриваат повеќе од 40 отсто од трговскиот дефицит на стоки на албанската економија. Голем придонес за подобрување на албанската економија има и туризмот, со најмал дефицит на тековната сметка“, објави АТА.
Само во јули во Албанија престојувале над 2,6 милиони туристи. И премиерот Еди Рама претходно се пофали дека Албанија голем број туристи. Од нив добар дел беа од Македонија.
За седум месеци Албанија ја посетиле 481.000 македонски граѓани.
foto Wikipedia/Cannm01