Албанија ги заострува мерките, за викендот земјата ќе биде целосно затворена

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Февруари, 2021
За викенд соседна Албанија ќе оди во карантин. Поради ширењето на коронавирусот западниот сосед ги заострува мерките.
Албанскиот здравствен одбор на експерти најверојатно ќе воведе нови, построги мерки. Во земјата расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од коронавирусот. Се најавува продолжување на полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и забрана за работа на баровите и кафулињата во тој период, освен оние кои извршуваат достава, пренесува порталот Албанија дејли њуз. За време на викендот земјата ќе биде целосно затворена, односно дека ќе биде забрането било какво движење. Во Албанија последните денови има повеќе од 1.000 новозаразени на ден. Од почетокот на годината имаше над 700 заразени деца.
foto Albania daily news
Можеби ќе ве интересира
Борисов си даде оставка и отиде да игра фудбал со внуците

Пленковиќ го кажа својот став за нон пејперот на Јанша

Нова мутација на коронавирусот откриена во соседството

Пахор е против промена на границите на Балканот, за нон пејперот вели дека не знае ништо

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГИ ВАКЦИНИРА МАТУРАНТИТЕ - за да можат мирно да ги подготват завршните испити, а ќе добијат АстраЗенека

Михаил Рот: Цртање нови граници на Балканот е опасен пат

КОЈА ШТИТИ НАЈБРЗО, А КОЈА НАЈДОЛГО - истражување во Србија за Фајзер, Спутник и Синофарм, еве што покажаа резултатите

И во Албанија криминалци добивале лични карти со лажни податоци
