15 Октомври, 2024
0.0231

АЛБАНЕЦ СЕ ЗАКАНИЛ НА НОВИНАРИТЕ НА ТАНЈУГ: Тврди дека ќе добијат куршум во главата ако стапнат на Косово

Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Српската новинска агенција Танјуг добила заканувачки писмо испратено од лице потпишано како Трим Барди на нејзината уредничка електронска пошта, во кое се наведува дека секој новинар на таа новинска агенција „ќе добие куршум во задниот дел од главата“ ако стапне на Косово, јавија српските медиуми.

Во мејлот во кој заканата е испратена до Танјуг, се наведува дека „неодамна, пропагандистичката, шовинистичка машинерија наречена „Танјуг“ станува сè поагресивна, користејќи го шовинистичкото име „АП КиМ“ за Република Косово, во служба на диктаторот и воинот Александар Вучиќ.“

„Само да знаете дека секојдневно ги следиме лагите што ги ширите за државата Косово и Албанците, исто како што ги следиме движењата на секој новинар на вашата псевдомедиумска агенција на Косово. Бидете сигурни дека еден од нив ќе добие куршум во задниот дел од главата следниот пат кога ќе стапне на тлото на Република Косово“, се наведува во заканата.

Од Танјуг соопштија дека ги известиле сите надлежни служби од кои очекуваат да реагираат во врска со смртната закана до новинарите на таа агенција. Од Српската канцеларија за Косово ги осудија заканите.

„Заканите кон новинарите и медиумските работници на Танјуг се недозволиви и мора да се сфатат сериозно. Ваквите монструозни смртни закани кон новинарите на Танјуг се токму последица на атмосферата на омраза и насилство што режимот на Курти намерно и систематски го создава на Косово и Метохија“, се наведува во соопштението на Канцеларијата.

Од канцеларијата додаваат дека меѓународните претставници се должни, не само во име на безбедноста на загрозените, туку и во име на демократијата и владеењето на правото, да преземат итни мерки за испраќачот на застрашувачка закана за новинската агенција Танјуг.

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано ги нарече неприфатливи и многу вознемирувачки заканите упатени до новинарите на Танјуг и нагласи дека ЕУ ги осудува таквите закани и дека овој случај мора да се истражи.

Можеби ќе ве интересира

Првите мажи имигранти тргнаа од Италија во прифатните центри во Албанија

Првите мажи имигранти тргнаа од Италија во прифатните центри во Албанија

ПОВТОРНО ПОТРЕСИ НА БАЛКАНОТ: Се стресе Хрватска

ПОВТОРНО ПОТРЕСИ НА БАЛКАНОТ: Се стресе Хрватска

ПОЗНАТ, АМА ПРАЗЕН: Грчки остров се соочува со егзодус

ПОЗНАТ, АМА ПРАЗЕН: Грчки остров се соочува со егзодус

ТОНИ СМЕТ ЈА БЛОКИРАА НЕРЕTВА: Спасувачи уште трагаат по исчезнати во Босна

ТОНИ СМЕТ ЈА БЛОКИРАА НЕРЕTВА: Спасувачи уште трагаат по исчезнати во Босна

ВУЧЕВИЌ: На Курти му се привидува српска војска

ВУЧЕВИЌ: На Курти му се привидува српска војска

(ВИДЕО) ЕЧЕШЕ „ОСМАН АГА“: Дачиќ пак му пееше на Ердоган

(ВИДЕО) ЕЧЕШЕ „ОСМАН АГА“: Дачиќ пак му пееше на Ердоган

МИГРАНТИТЕ ЌЕ СТИГНАТ ВО АЛБАНИЈА: Дали ќе смеат да излегуваат од кампот?

МИГРАНТИТЕ ЌЕ СТИГНАТ ВО АЛБАНИЈА: Дали ќе смеат да излегуваат од кампот?

(ВИДЕО) АЛБАНИЈА Е СПРЕМНА ДА ГИ ПРИМИ МИГРАНТИТЕ OД ИТАЛИЈА: Двата центри се отворени

(ВИДЕО) АЛБАНИЈА Е СПРЕМНА ДА ГИ ПРИМИ МИГРАНТИТЕ OД ИТАЛИЈА: Двата центри се отворени

КУРТИ: Српската војска беше на 50 метри од линијата со Косово

КУРТИ: Српската војска беше на 50 метри од линијата со Косово