Актери од МНТ се вратиле од Кина, Филипче тврди немале симптоми на коронавирус
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020
Министерството за здравство комуницира со актери од Македонскиот народен театар (МНТ) кои на 21 јануари биле во Кина да ја играат претставата „Галеб“ на уметнички фестивал „Средба во Пекинг“. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сите актери се добро немаат симтоми и дека во Скопје стасале преку Истанбул а се скенирани и на тамошните ародроми односно на турскиот и на тој во Пекинг.
„Доколку се детектира некој граѓанин, првиот чекор е дали доаѓал од Кина или имал некаков контакт. Доколку имаме таков случај, постои протокол за изолација со посебно возило на Брза помош. Ние уште пред скенирањето знаеме колку заразени пациенти можеме да очекуваме и имаме двојна сигурност. Актерска екипа од МНТ била на 2.000 километри од градот Вухан, тие се скрнирани со термална камера и никој од нив нема симптоми на новиот корона вирус“, вели Филипче.
Во претставата во режија на Нина Николиќ, играат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.
Филипче повторува дека не треба да има паника и дека се превземаат сите потребни мерки. Од вчера на Меѓународниот аеродром во Скопје има и термални кмаери кои треба да ги скенираат патниците.