АКО СЕГА НЕ СЕ ЗБОГАТАТ, КОГА - Фајзер и Модерна ги зголемија цените на вакцините
Објавено во: Свет 01 Август, 2021
Фајзер и Модерна ги зголемија цените на своите вакцини против ковид -19 во најновите договори склучени со Европската унија, објави Фајненшл тајмс.
Новата цена за вакцината Фајзер е 19,50 евра во однос на 15,50 евра како што беше порано, објави весникот, повикувајќи се на деловите од договорот во кои има увид, пренесува Ројтерс.
Цената на вакцината на Модерн е 25,50 долари по доза, според договорите, во споредба со 19 евра во првиот договор за набавка, но помалку од претходно договорените 28,50 долари, бидејќи нарачката се зголемила, се наведува во извештајот кој се повикува на службено личе вклучено во договорот.