Ако се селите во Германија, една работа за вас може да биде невозможна мисија
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2019
Во Германија многу луѓе живеат под кирија, затоа што недвижниот имот е скап и е невозможна мисија за многумина.
Власта не може да го запре растот на кириите, што создава гнев кај граѓаните.
Оваа пролет десетици илјади луѓе излегоа на улиците за да протестираат.
Има барања да се направи некое ограничување. За пет години кириите скокнале за 11.4%.
Во Минхен изнајмен метар квадратен во просек чини 18 евра. За стан од сто квадрати се плаќаат 1.800 евра.
Во Франкфурт метар квадратен е 14 евра. Во Берлин цената е 6.72 евра.
Мал број станови се со поволна цена.