АКО САКААТ ДА ПИЈАТ КАФЕ, ДА ДАДАТ ПОДАТОЦИ: Сите гости ќе се проверуваат по список
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Септември, 2020
Во Виена има строги мерки, дури и ако граѓаните сакаат да седнат на кафе.
Од понеделник оние кои ќе посетат угостителски објект, ќе мора да ги дадат сите податоци за себе.
Секој што ќе сака да ги посети кафулињата, рестораните и баровите од следната недела, ќе мора да се пријави на посебни списоци на влезот.
Ова ќе му овозможи на сопственикот на ресторанот да ги информира потенцијално загрозените граѓани, во случај да биде регистрирано дека некој од вработените или гостите е позитивен на Ковид -19.
Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, изјави дека новата мерка ќе стапи на сила во понеделник, но уште се работи на тоа како точно ќе се информираат загрозените.
Во последните 24 часа во земјата се има 832 нови случаи на коронавирус. .
431 нов инфициран има токму во Виена, што ги загрижи сите.