АКО МУ ЗАБРАНУВАТЕ НА ЃОКОВИЌ ДА ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ ПО ДЕСЕТТИ ПАТ, ЗОШТО ВЕДНАШ НЕ КАЖАВТЕ-НЕМА ВИЗА: Не го малтретирајте, му порача Вучиќ на австралискиот премиер
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2022
Не стивнуваат
реакциите од сите страни на светот пред да се слушне конечната одука на судитте
во Австралија за учеството на светскиот рекет број еден на Австралија опен. По
изјавата на австралискиот премиер, Скот Морисон дека Новак е опасност за сите
граѓани, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на
Инстаграм директно се обрати коннего.
-Можете да замислите како би изгледало тоа кога во Србија некој министер би можел да поништи одлука на судија, значи на важечки судски органи. Така ни покажаа можеби како донекаде изгледа независно судство, но пред се како изгледа неважно судство бидејќи целата власт е во рацете на извршните органи. Моралното прашање е многу поважно. Ако сакавте да му забраните на Ѓоковиќ да го освои турнирот по десетти пат, зошто не го направивте тоа веднаш? Зошто не му кажавте дека е невозможно да добие виза? Зошто го малтретирате и се изживувате, не само над него и неговото семејство туку и над цела една нација? Тоа ли е потребно да ги добиете изборите. Се појави еден претседател од една мала земја кој може да му го каже тоа на еден голем премиер од една голема земја. Знаете зошто можам, затоа што ја кажувам вистината и затоа што и вие знаете дека кажувам вистина, вели Вучиќ во видеото на Инстаграм.