12 Септември, 2024
0.0233

„АКО ГИ ЗАГУБАМ ИЗБОРИТЕ, ОДАМ ВО ВЕНЕЦУЕЛА“ – ТРАМП ВО ИНТЕРВЈУТО НА МАСК: Ќе се сретнеме таму на вечера

Објавено во: Свет 13 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, за време на интервјуто со милијардерот Илон Маск, рече дека ако изгуби на изборите во ноември, би можеле да се сретнат во Венецуела.

„Ако изборите поминат лошо, што би било вистински хорор, тогаш следниот пат ќе те видам во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедна земја за средба од САД. Така што во тој случај јас и ти си заминуваме. Ќе се сретнаме на вечера во Венецуела“, му рече Трамп на Маск.

Трамп додаде дека Венецуела ослободува насилни криминалци и ги испраќа во Соединетите држави како илегални имигранти, а со тоа ја намалува сопствената стапка на криминал.

„Нивната стапка на криминал се намалува додека нашиот вртоглаво расте. Толку е едноставно. Сè уште ништо не сте виделе бидејќи овие луѓе дојдоа во нашата земја и само се навикнуваат на тоа. Но, Венецуела не се ослободи од сите нив, се ослободи од околу 70 проценти од тешките криминалци“, рече Трамп.

„Нивото на криминал падна поради масовната миграција“

Роберто Бричемо-Леон, основач и директор на Венецуелската опсерваторија за насилство (ОВВ), изјави за factcheck.org дека нема докази дека Венецуела испраќа криминалци во САД.

„Нема докази дека владата на Венецуела ги празни затворите или институциите за ментално болните со цел да се ослободи од затворениците или пациентите, односно да ги испрати во САД или во некоја друга земја“, рече тој.

„Нивото на криминал падна поради масовната миграција, за време на која речиси 8 милиони луѓе се иселиле од 2014 година поради лошите економски услови“, додаде тој.

Фото: EPA


Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Откри само дел од она што треба сега да се направи

ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Откри само дел од она што треба сега да се направи

ЕРДОГАН БАРА ПРАВА ЗА КРИМСКИТЕ ТАТАРИ: Вели дека Крим мора да се врати во составот на Украина

ЕРДОГАН БАРА ПРАВА ЗА КРИМСКИТЕ ТАТАРИ: Вели дека Крим мора да се врати во составот на Украина

КУРСК: Русија тврди дека вратила под контрола 10 села

КУРСК: Русија тврди дека вратила под контрола 10 села

МИЛИОНИ ГО ИСМЕВААТ ТРАМП - најбизарниот момент од дебатата предизвика хаос на интернет

МИЛИОНИ ГО ИСМЕВААТ ТРАМП - најбизарниот момент од дебатата предизвика хаос на интернет

МОСТ СЕ УРНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ - тотален хаос во Дрезден, среде ноќ граѓаните слушнаа силна експлозија

МОСТ СЕ УРНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ - тотален хаос во Дрезден, среде ноќ граѓаните слушнаа силна експлозија

Истражување: Богатите земји ги замолчуваат климатските протести, а проповедаат за правата на друго место

Истражување: Богатите земји ги замолчуваат климатските протести, а проповедаат за правата на друго место

ШТО КАЖУВА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО - кој американски претседателски кандидат подобро владееше на сцената за време на дебатата?

ШТО КАЖУВА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО - кој американски претседателски кандидат подобро владееше на сцената за време на дебатата?

(ВИДЕО) ОБЈАВИЈА СНИМКА ОД НАПАДОТ: Украинците уништиле уште еден мост во Курск

(ВИДЕО) ОБЈАВИЈА СНИМКА ОД НАПАДОТ: Украинците уништиле уште еден мост во Курск

ЗА ПЕСКОВ ОВА Е КАТАСТРОФА: Во јуни во Русија се родиле помалку од 100.000 деца

ЗА ПЕСКОВ ОВА Е КАТАСТРОФА: Во јуни во Русија се родиле помалку од 100.000 деца