19 Април, 2024
0.0275

Ајдован Адемоски е бизнисмен на годината

Објавено во: Економија 31 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Ајдован Адемоски е бизнисмен на годината. Според анкетата која Фактор ја спроведе во изминатите четири дена, Адемоски е најуспешниот во 2019 година во конкуренција со Кирил Лазаров од Никоб,, Фатмир Етеми сопственикот на ЗСФ – КОМ, Тања Атанасова од Вивакс и Илија Господинов од Ендава Македонија. Адемсоки сопственикот на Double Tree by Hilton во Скопје доби 2695 гласови или 34 отсто од вкупниот број гласови.


Фактор ги одбра бизнисмените по субјективно гледање, иако се разбира истото е базирано на факти. Клучен критериум за изборот беше успешност на компанијата со која раководат во последната година, но и нивниот личен развој и општествениот контекст. Се разбира во земјава има уште многу успешни бизнисмени.


Точно пред една година, односно на 1 јануари 2019 бизнисменот Ајдован Адемоски го означи почетокот на работата на хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. Македонија стана 109-та земја на светската мапа каде што брендот Hilton стави знаменце. Инвестицијата беше вредна околу 50 милиони евра, а хотелот по принципот на франшизен договор започна да работи со 100-тина вработени. Адемоски е сопственик на City Plaza холдингот, а меѓу најголемите потфати се хотелот Stone Bridge во Скопје и станбено деловниот комплекс Capitol.


Адемоски е претседател на Македонско- Турската бизнис комора (МАТТО), а според податоците по нивни заложби се донесени најгоелмите турски брендови ТАВ, Џеваир, Халкбанк, Суташ, Лимак.

Во анкетата се гласаше и за Кирил Лазаров, сопственик на Никоб, кој по добиените гласови беше на втората позиција со освоени 32 проценти од сите кои гласале. Впрочем Лазаров доби 2.552 гласа. Тој раководи со Агенцијата за обезбедување Никоб која лани има раст на приходите од дури 57 проценти. Во таа година Никоб го бетонираше лидерското место меѓу приватните агенции за обезбедување. Вкупните приходи на оваа компанија лани изнесуваат над 671 милион денари, што е за дури два ипол пати повеќе од приходите на компанијата која е втора на листата најдобри агенции за обезбедување на пазарот. Во 2018 година оствари и добивка од 34 милиони денари што е раст на „позитивата“ од дури 96 проценти во споредба со претходната 2017 година.

Фатмир Етеми е треторангиран со освоени 23 отсто од гласовите или за него гласале 1872 учесници во анкетата. Познат во јавноста по својата градежна компанија „ЗСФ-КОМ“. Но треба да се знае дека тој преку неговата фирма годинава направи неколку бизнис-маневри со тргувањето со хартии од вредност.„ЗСФ-КОм“ во изминатиот период купи голем дел од акциите на „Скопски пазар“, но и на Комерцијална банка, а Етеми беше поставен и за член на Надзорните одбори на овие две големи акционерски друштва.

Тања Атанасова е маркетинг директор во Вивакс, најголемиот македонски производител на овошни сокови, нектари, каши и пиреа под брендот Вива. Доби 626 гласа. Компанијата годинава го одбележува своето 25 годишно постоење, а по тој повод  компанијата направи редизајн и промена на пакувањето на премиум линијата производи. Компанијата е лидер на пазарот, еден од најголемите извозници од земјава. Во годината што измина Вивакс продолжи со инвестициите во современа технологија, нови објекти и зголемување на квалитетот на производите, како и во тимот вработени.

Илија Господинов е директор на Ендава Македонија и на анкетата има 267 гласови. Фирмата со која управува е подружница на британска компанија за софтверски решенија. Endava PLC е базирана во Лондон, и котира со акции на NYSE (DAVA),со седиште во Скопје. Нејзиниот приход лани е 6,6 милиони евра и книжи раст од 48 отсто во споредба со претходната година. Профитот на „Ендава“ лани е 105 отсто повисок од 2017 година и изнесува 537.800 евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“