25 Април, 2024
0.0295

Ахмети тврди дека клучот за влада е кај Иванов, а не кај нив

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по денешните консултации со претседателот на државата,  Ѓорге Иванов порача дека сите треба да придонесат за излез од кризата и изнаоѓање одржливо решение за иднината и стабилноста на земјата. 

Вели дека кај ДУИ бил клучот, но веќе го префрлил него кај претседателот Иванов. 

Ахмети кажа дека сите опции за формирање нова влада се отворени. 

„Бевме информирани за целиот процес на доаѓањето до едно решение на нашите прашања и како да стигнеме до парламентарно мнозинство затоа што одговорност на сите нас е да изнајдеме прифатливо решение за да имаме стабилни институции и понатаму да менаџираме со државата“ - рече Ахмети. 

Додаде дека на средбата со Иванов се зборувало и за политичката ситуација во регионот и пошироко. 

Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 

Консултациите на претседателот со партиите, следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски и по средбата со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот