Ахмети: Ние не се согласуваме решението да биде Славомакедонија
Објавено во: Македонија 23 Март, 2018
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас вели дека за ДУИ неприфатливо е името „Славомакедонија“.
„Јас не сум дел од преговарачкиот тим, но ние не се согласуваме решението да биде Славомакедонија. Од решението сите страни треба да бидат задоволни“ - рече Ахмети.
Тој рече дека кај Коѕијас забележал добра волја за решавање на спорот.
Коѕијас е на средба со државниот врв во земјава денеска, а пред МНР го пречекаа и претставници на повеќе патриотски здруженија кои порача дека не сакаат промена на името.