20 Април, 2024
0.0243

Ахмети ќе мора да го прифати новото владино друштво

Објавено во: Анализа 15 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Дел од албанските аналитичари подолго време ја поставуваа тезата дека најавената реконструкција на Владата ќе биде проблематичен потег бидејќи Али Ахмети, лидерот на ДУИ, никогаш не е голем застапник на идејата да коалицира со уште една или повеќе албански етнички партии ниту пак, да дозволи кредитот за владините успеси да го подели или да им го остапи на останатите. 

Тоа беше видливо и со Законот за употреба на јазиците каде најголем триумфализам по изгласувањата во два најврати имаше највеќе кај ДУИ, односно дел од нивните пратеници прикажуваа слика како Ахмети е херојот што ги исполнил заложбите и идеалите на албанските маченици. 

Сега, Али Ахмети ќе биде принуден повторно да ги дели владините „играчки“ со ново друштво во владината коалиција, се со цел премиерот Заев да има на располагање поголемо парламентарно мнозинство со кое ќе може да ја реализира неговата зацртана легислативна иницијатива, а со тоа и сите реформски пакети да поминат побрзо, поквалитетно и поефикасно низ собраниските филтри преточени во закони со кои извршната власт ќе покаже што знае и умее.

Премиерот Заев на последниот отворен брифинг истакна дека не гледа дека кај Ахмети постојат било какви пречки за проширување на владината коалиција со цел проширување на парламентарното мнозинство. 

„Неопходно е проширување на парламентрното мнозинство со нови коалициски партнери поради сериозните прашања кои претстојат и за поефиканска работа на Собранието и пратениците“, кажа Заев на брифингот каде беше присутен и вицепремиерот за европски прашања Османи. 

Така доаѓаме повторно до почетната поента, дека сега Ахмети ќе мора да прикаже соодветна конструктивност при изборот на нови коалициски партнери, меѓу кои кандидати се двете крила на БЕСА, пратениците на ДПА, дел од пратениците на Алијанса за Албанците иако партијата на Села веќе еднаш излезе од Влада и без негова согласност тешко дека некој од неговите пратеници самостојно ќе се реши да се здружи за Заев иако во македонската политика никогаш ништо не е вечно поставено и неменливо.

Со вклучување на дел од овие пратеници владата на Заев повторно ќе има повеќе албански фактори кои ќе бидат дел од одлучувачките процеси и ќе имаат пристап до можните владини привилегии, како и моќна платформа за привлекување на гласачите, секако ако успешно сработат нешто. 

За Заев маките би биле сосема други, односно ќе мира многу подобро да менаџира различни партиски суети и амбиции, во деликатен временски процес кога не само носењето на реформи е императив, туку и самиот начин на кој тие ќе бидат спроведени во реалноста ќе ја одреди судбината на сегашниот премиер. 

Ако ништо друго стартот е позитивен и во наредните денови ќе може да започнат процесите за потврда на новите владини партнери, разрешување на министрите и функционерите кои досега не ја задоволија јавноста со нивната работа, како и избор на нови кадри и поделба на ресорите. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!