Ахмети : Случајот „Рекет“ темелно да се истражи,одговорност за сите што направиле криминал
Објавено во: Македонија 25 Август, 2019
„ Нашиот народ има еден израз, извонредна филозофија – алчност расипува секого. Мислам дека тука се работи за алчност. Не се работи за сценарио, според моја проценка“ рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својата прва изјава за случајот „Рекет“.
Ахмети рече дека кој и да е вклучен во овој скандал треба да одговара пред правдата. Според него пред лицето на правдата треба да биде изведен секој што ги прекршил законите.