08 Декември, 2024
0.0243

АГРОБИЗНИС СО ЧИЛИ: Oваа квалитетна пиперка успева на македонските полиња

Објавено во: Агробизнис 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Драган Цветковиќ од кумановското село Тромеѓа со години се занимава со производство на чили, агробизнис кој не е широко распространет во земјава.

Тој уште од почеток на 2000 година се занимава со зачинарство, а идејата за производство на чили дошла откако се направени истражувања што може да успее на нашата почва. Чилито и другите билки се произведуваат без да бидат прскани.

„Идејата за свое производство на чили дојде со години анализа што се може оваа наша земја да роди. Составот на почвата во Македонија и другите услови, дозволуваат да скоро сèшто се одгледува во свет може и кај нас,  нормално со одредени адаптации. Во почеток садевме на наши мали површини за да ги направиме потребните опити, а сега со помош на кооперанти засадуваме поголеми површини.Скоро целото производство е без никакви хемиски заштити, комплетно природно. Целото производство го користиме за зачинување на производите на Адут ГВН во производниот бренд Директно од Природата, а нивните производи ги има на пазарите во цела  Македонија и на пазарите во соседна Албанија и Бугарија. Инаку потреба за посериозни количини за производство има,  но свеста кај кооперантите за производство на неиндустриски зачински билки уште нее развиена кај нас“ – вели Цветковиќ.

Тој одгледува чили, различни зачински пиперки, магданос, оригано, чубрица, нане, жалфија, рузмарин, здравец и друго.

Насади има и во Тромеѓа, кумановско, во скопско, струмичко, светиниколско, Росоман и Гевгелија.

„Иако имаме машини, чистење и обработка на зачини се прави рачно. Секое парче е екстра квалитетно“ – објаснува Цветковиќ.

Тој додава дека не им е целта да имаат квантитет, туку да имаат квалитет. Цветковиќ вели дека работат и на обнова на многу стари сорти на грав, пченка, пченица, пуканки и други стари сорти на неиндустриски земјоделски растенија.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.