18 Април, 2024
0.0249

Аграрната политика на земјава мора да се хармонизира со заедничката на ЕУ

Објавено во: Агробизнис, Колумни 02 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Заедничката аграрна политика на ЕУ (common agricurtural politic,CAP) е еден од најважните интегративни системи меѓу нејзините членки. Високиот протекционизам на земјоделството преку САР се остварува кај сите членки со  релативно висока финансиска подршка на ЕУ. 

Анализата на проблемите на хармонизација на македонската аграрна политика со заедничката аграрна политика ( САР ) на Европската  Унија, има значење од повеќе актуелни аспекти на практичната подготовка на Македонија за членство во ЕУ. Уште сега е јасно дека тоа ќе биде проблематична област, која ќе бара големи усилби за остварување на задоволувачки резултат. Причините за очекуваните проблеми повеќе или помалку се познати. Состојбата на Македонското земјоделство и неговото релативно високо  учество во националната економија, сложеноста и високите буџетски трошоци за спроведување на САР, објективните разлики помеѓу интересите на некои од старите и нови членки и др. Покрај тоа што ова ќе биде поле за продолжени и тешки преговори,е што кај нас нема релевантни истражувања, кои ќе дадат можност да се оценат можностите за доближување до САР, евентуалните последици од тоа за производителите, потрошувачите, извозот и увозот, па следствено на тоа да се согледаат контурите на стратегијата за постигнување на една од приоритетните цели на земјоделската политика на Македонија. Тоа е една од причините, Македонија да не располага со општо прифатена  програма за  подготовките за интеграција во ЕУ во областа на земјоделството.

Во однос на тенденциите на САР, како и за проблемите на ширењето на ЕУ, постојат релативно голем број публикации како на Комисијата на ЕУ, така и научни и аналитички центри во земјите членки. Тоа придонесе, заедно со договорот од Уругвајската рунда на ГАТТ, како и ширењето на ЕУ, да се согледаат потребите од промени во САР. Затоа тие се насочени кон одржување на рамнотежа на пазарите на основните земјоделски производи и пренасочување на тежината на поддршката на доходот врз директните плаќања на фарма, развој на селските реони и заштита на животната средина.

Адаптацијата на аграрната политика на Македонија кон САР на ЕУ, не може да биде механички акт или процес. Успехот ќе зависи како од јасно формулирање на целите и задачите на нашата национална земјоделска политика,така и од познавањето на карактерот и тенденциите на развојот на САР.

Одредувањето на целта на Македонската земјоделска политика бара оценка на потенцијалот и на местото на земјоделството во националната економија на земјата, но и економската состојба и перспективите на земјата.

Што се бара за прилагодување на Македонија кон САР.  Меѓу повеќето услови што треба да ги исполнува Македонија, потребно е да се имаат во предвид следните поважни елементи:

-познавање на актуелната состојба на САР, тенденциите на нејзиниот развој и врз база на тоа, осознавање на предвидувањето на реална (вистинска) прогноза за нејзините основни карактеристики во моментот на нашето приклучување. Тоа е основен услов за спроведување на конзистентна политика за адаптирање и претпоставка за успешени преговори за пристап;

- примена на одделни елементи на САР , со што Македонија ќе покаже способност да воведе механизми на заедничката аграрна политика на ЕУ, како и поконкретно дека може да прифаќа и да ги контролира финансиските средства односно да докаже дека располага со потребен административен и институционален потенцијал:

- постепено воведување на законодавството на ЕУ, како внатрешно нормативно уредување на Македонија;

Самиот процес на хармонизација и прилагодување ќе и овозможи на Македонија; 

-  да користи средства од ЕУ за создавање стабилни и предвидливи услови за развој на земјоделството:

-  да формира и применува интегрална политика, која ги опфаќа како секторските проблеми, така и развој на селските реони и заштита на животната средина;

-  целосно даги насочува финансиските ресурси, како од буџетот на државата, така и средствата што ќе доаѓаат по линиите на предпристапните програми и средства за преструктуирање (ИПАРД и др.);

-  да го шири ареалот на пристапот на земјоделските и прехранбените производи за пазарот на ЕУ, врз база на постепено унифицирање на законските решенија и стандарди.Несоодветните реформи на македонското земјоделство,а како нивни резултат недоволната конкурентност во некои гранки, како и сложеноста на заедничката аграрна политикана ЕУ,бара висока мобилност и доследна работа наприпремата на Македонија за приклучување во ЕУ во однос на агрокомплексот.Од тука произлегува потребата да се истражува САР,за да може да се скицира стратегијата и кохкретните мерки во некои од главните гранки за усогласување на македонската аграрна политика со таа на ЕУ,како важен дел од припремитена земјата за членство во ЕУ.

Не мора да биде хипотеза, дека прилагодувањето на македонската аграрна политика кон САР на ЕУ, ќе биде неопходно не само од стојалиштето на подготовките за членство, туку тоа ќе помогне во преструтуирањето на агрокомплексот и излегување од кризата.Разработката на стратегијата и конкретните мерки за припрема за приклучување на агрокомлексот, ќе овозможи да имаме поцелосно насочен и доследна македонската политика во оваа област и ќе овозможи да се извлече максимална полза од нејзиното интегрирање, регионална политика и политика за заштита на животната средина. 

Проф. д-р Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари