26 Април, 2024
0.1951

Аеродромите ќе се отворат после 15 јуни, тајмингот ќе го каже Комисијата за заразни болести

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Директорот за Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев смета дека не треба да се очекува аеродромите во земјава да бидат отворени пред 15 јуни. Моментално во земјава, бројот на летови во споредба со претходната година е само 7 до 10 отсто и во нив се опфатени воените летови, специјалните медицински, државните, хуманитарните летови и летовите за репатриација на државјаните кои останале надвор од територијата на земјава за време на избувнувањето на пандемијата и се затворањето на границите во сите европски држави, известува „Порталб.мк“.

„Одлуката за отворање на аеродромите е врз основа на податоците од Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб, ние како регулаторно тело немаме влијание врз истата, ние можеме само да им ги дадеме податоците од другите земји во Европа, за аеродромите на другите држави, за одредбите и прописите за летање што ги објави Европската Унија – и ние тоа го правиме секој ден, но одлуката ќе биде донесена врз основа на здравствената состојба во земјата. Одлуката за отворање на аеродромите ќе зависи од другите мерки, пред сè од укинувањето на карантинот и отворањето на меѓународните граници за движење на граѓаните, бидејќи знаете дека во аеродромите границите се меѓународни и важат истите правила како и за другите граници. Моја проценка е дека пред 15 јуни аеродромите сигурно нема да бидат отворени, а во врска со тоа, каква ќе биде ситуацијата овие денови со бројот на заразени и оддржливоста на здравствениот систем, мислам дека во вториот дел од јуни би можело да се донесе одлука, но сето ова е претпоставка“, изјавил Тунтев за „Порталб.мк“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот