16 Април, 2024
0.0247

„Аџибадем Систина“ продолжува со Академска пракса за студентите, од оваа година овозможува и практични вежби

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Минатата година Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со Факултетот за медицински науки при УГД Штип започна проект „Академска пракса ‘Аџибадем Систина’“ со кој студентите од последната VI година на факултетот имаа можност за следење на практична настава во Болницата.

Овој пионерски проект во државата и регионот, кој го започна „Аџибадем Систина“, продолжува и оваа година и стартува денес со уште едно многу значајно дополнување за студентите. Покрај студентите од VI година кои ќе следат пракса во периодот од неколку месеци и ќе ротираат на различните оддели во болницата – хирургија, педијатрија, гинекологија; дополнително, на студентите од пониските години на овој факултет ќе им биде овозможено да изведуваат и практични вежби по одредени предмети.

На овој начин, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во целост ги опфаќа активностите кои им се неопходни на студентите на медицина, а кои поради пандемијата со Ковид-19 за нив се тешко достапни во јавното здравство.

Медицинската пракса, која е во согласност со студиската програма за општа медицина на овој факултет, за студентите во VI година претставува врв на нивното школување и со оваа практична обука ги завршуваат своите студии. Минатата година дел од „Академска пракса ‘Аџибадем Систина’“ беа повеќе од 100 студенти, идни доктори кои основата на своето школување ја заокружија со можноста што им ја понуди Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Оваа година, од особена важност е што ‘Аџибадем Систина’, како најсовремена приватна кличника болница, како дел во целиот систем на академската пракса вклучи и можност за практични вежби за студентите од пониските години на овој факултет. Практичните вежби кои студентите треба да ги следат во пониските години се од круцијална важност во нивното школување. На тој начин тие го утврдуваат своето знаење и за првпат како студенти на медицина директно се соочуваат со преминот од теорија во пракса, а можноста тоа да го направат токму овде, во најсовремената приватна болница која користи најнапредна технологија, а притоа да учат и од најреномирани кадри во областа е едно огромно позитивно искуство во градењето на нивната професионална кариера. Ова е новитет за нас како болница, а нескромно можеме да кажеме дека ова дополнување на целиот проект е уште еден пионерски чекор во земјата и регионот, со што се докажува дека ‘Аџибадем Систина’ како врвна медицинска установа ги користи сите свои ресурси во вложување во младите медицински кадри на кои им е неопходна практична поткрепа на нивното теоретско знаење“, вели доктор Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија и професор на Факултетот за медицински науки при УГД Штип.

Втората година од проектот „Академска пракса ‘Аџибадем Систина’“ започнува денес, на 14 октомври, кога се прима и првата група на студенти кои ќе изведуваат пракса во болницата. За нив ќе биде обезбедена храна, униформи и заштитна опрема. Првиот дел од оваа втора година се очекува да заврши за три месеци, по финализирање на праксата на студентите и нивната ротација на одделите за хирургија, гинекологија и педијатрија во болницата.

Можеби ќе ве интересира

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред