19 Април, 2024
0.0308

АДСДП ќе му ја продаде на Владата својата зграда за 8,3 милиони евра

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Владата за 8,3 милиони евра реши да ја купи зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели и истата ќе ја даде на користење на некоја друга институција. Претпријатието ги очекува овие средства за да си ја олесни финансиската ситуација, а покрај тоа, деловни простории од зградата која е во нејзина сопственост ќе бидат издавани како комерцијален простор и на АДСДП ќе му носи месечен приход од кирија.

Набавката треба да ја направи Службата за општи и заеднички работи на Владата со непосредна спогодба. Зградата која се наоѓаат на улица „Филип Втори Македонски“ во центарот на Скопје има вкупна површина од 4.194 метри квадратни на шест ката, а Бирото за судски вештачења процени дека нејзината вредност изнесува 8.308.463,00 евра.

„Објектот кој што е лоциран на ул. „Филип Втори Македонски’’бр.11 Скопје, инаку сопственост на Ад за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, изграден е со сопствени средства на Друштвото. Проценетата вредност утврдена од страна на Бирото за судски вештачења се однесува на дел од вкупната вредност на зградата“, гласи одговорот од претпријатието.

Од таму додаваат дека зградата е соодветна за вселување на три јавни институции кои би можеле да работат под условите кои ги овозможува објектот, или пак покажале интерес до сега.

„ Согласно досегашните преговори, како и барањата доставени до Акционерското друштво, предметните деловни простории одговараат на потребите на Управата за финансиска полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата, а интерес за сместување изрази и ЈП Службен весник на РСМ“, дополнуваат од АДСДП.

Претходно зградата од административниот деловен простор со измена во програмата стана комерцијален деловен простор наменет за продажба и издавање под закуп за законски да биде овозможена нејзина продажба.

„На одлуката на Владата претходеше одлука на Одборот на директори на АДСДП, донесена на состанок одржан на 19.03.2019 година со која административниот деловен простор „Државни институции-објект за АДСДП, се пренаменува во комерцијален деловен простор наменет за продажба и издавање под закуп.Ваквата пренамена е во  согласност со последните измени на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории и Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општествена сопственост, а со кои им се дозволува  на државните институции кои имаат потреба од  деловен простор да го купат по пат на непосредна спогодба“, појаснуваат од таму.

Изградбата започна во 2015 а беше предвидено 180 вработени во акционерското друштво да добијат нови простории за работа, наместо постоечките бараки на улицата „Орце Николов“. Изградбата на објектот кој е непосредно до Министерството за надворешни работи заврши во 2018, но и натаму е празна.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет