23 Април, 2024
0.0255

Адрис вложува 650 милиони евра на хидроелектраната во Сењ

Објавено во: Балкан, Македонија 12 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Ровињската Адрис групација е заинтересирана за инвестирање во хидроенергетскиот проект Косињ-Сењ 2, кој е„тежок" 650 милиони евра. Тие се единствените во Хрватска кои имаат сопствени капитал и се сериозно заинтересирани за проектот, рече Радомир Чачиќ, прв потпретседател на Владата и министер за економија. Групацијата Адрис истовремено има големи планови за влез  во индустријата за осигурување, односно во „Кроација осигурување“ и „Триглав“, планови кои и не ги кријат, па оттука е можно, заедно со инвестирањето во енергетиката, Адрис да го прошири своето портфолио и да стане голем регионален инвеститор, што веќе подолго време се најавува. Говорејќи на конференцијата за енергетика во средата во Загреб, Чачиќ изнесе цела низа проекти спремни за реализација, посебно ставајќи акцент на хидроелектраната Косињ-Сељ2, која ќе почне со работа догодина. Електраната е огромен проект и единствено вложување во енергетиката од страна на хрватски инвеститор,  за што Владата даде целосна поддршка. Сите други вакви проекти  се реализирани во соработка со странски партнери. Портпаролот на Адрис, Предраг Грубиќ ја потврди информацијата за потпишување на договорот. Бидејќи Групацијата не покажа желба и за проектот Пломин Ц, се претпоставува дека нивните апетити и ресурси се насочени кон осигурителниот бизнис. Не треба да се занемари и фактот што Пломин Ц е технички тежок проект, поради што на Адрис би им било потребно да земат партнер за да ги исполнат условите од конкурсот. Исто така е и многу поскап бидејќи само блокот Ц се проценува на 800 милиони евра, а со сите пропратни објекти сумата стигнува до 1 милијарда. Затоа сега јавноста ја бранува  прашањето кога да се очекува  објавување на тендерот за Пломин Ц и како ќе се реализира, целосно или по фази. Според Чачиќ тендер се очекува следната година, а хрвартските компании стануваат се позаинтересирани по влезот на Адрис во енергетиката. Поточно, во хидроенергетиката постои речиси 90% покриеност на проектите од страна на домашни компании, кои се спремни да го изведат од проектирање до изградба.  Хрватските компании во изградбата на хидрообјекти имаат повеќедецениско искуство, а познато е и дека Кончар изработува генератори за хидрообјекти, па проектот може да биде изработен исклучиво од локалните компании. Според планот, хидроелектраната Косињ-Сењ 2, опфаќа изградба на акумулационо езеро од 450 милиони метри кубни, но и изградба на нов тунел низ Велебит, како и електрана со јачина од 300 MGW.  

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?