18 Април, 2024
0.0280

АД ЕСМ отповика тројца директори - членови на Управниот одбор

Објавено во: Економија 28 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

АД Електрани на Северна Македонија донесе одлука да отповика тројца директори - членови на Управниот одбор на државната енергетска компанија која е најголем произведувач на електрична енергија во земјата.

Отповикан е Фатмир Лимани како заменик генерален директор на акционерското друштво, поранешниот пратеник Марјанчо Николов како директор за комерцијални работи и Ѓорѓи Михаилов, директор за правни и општи работи. Иако „Фактор“ се обиде да стапи во контакт со лицата за односи во јавност со АД ЕСМ, за да побара објаснување, во тоа не успеа.

Во Централниот региостар е наведено дека се работи за одлука за отповикување донесена на 25 мај, а наедно и назначување на нови членови на нивното место. Засега се назначени само двајца - Имер Зенку на местото на Лимани како нов заменик генерален директор, и Данчо Стојановски како директор за комерцијални работи на местото на Николов.

За Имер Зенку е познато дека e експерт по Енергетска економија на Тетовскиот универзитет. Лимани, доскорешен висок функционер на владеачката ДУИ, претходно поднесе оставки од сите функции во ДУИ и најави самостоен политички настап, поради, како што објасни, несогласување со политиката на актуелното раководство на партијата, иако е близок роднина со лидерот Али Ахмети.

Ваквата одлука на поранешно АД ЕЛЕМ доаѓа во време кога јавноста очекува ново поскапување на струјата. Владата веќе размислува да се намали стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) кој граѓаните го плаќаат на испорачаните сметки за струја откако ќе псокапи наесен електричната енергија. Според информации на Фактор веќе почнале пресметките за тоа колку откажувањето од дел од овој данок ќе го чини буџетот.

Во моментов не е познато официјално билансот на приходи и расходи на АД ЕСМ за минатата година, а единствено опозицијата од свои извори тврдеше дека се работи минус од десетици милиони евра остварени во 2020.

Зголемените трошоци кои ги имаат енергетските компании оваа година можат да донесат нова цена на струјата за граѓаните од јуни или јули. Регулаторната комисија за енергетика допрва ќе одлучува, но речиси сите доставиле барања во кои прикажале поголеми трошоци. Од комисијата велат дека  посебно внимание ќе се посвети на направените и планираните трошоци на компаниите. За минататa година МЕПСО прикажа загуба, а во очекување на ланскиот извештај на Елекстрани на Северна Македонија, (ЕСМ) сите очекувањa се дека и производствената компанија ќе биде во минус.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб