19 Април, 2024
0.0525

АД ЕЛЕМ купувал двојно поскапо од трговците на слободниот пазар

Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Купувала поскапо, а продавала поевтино. Државната компанија ЕЛЕМ во 2017 година набавувала електрична енергија на слободниот пазар за цена која е речиси двојно повисока од таа по која после струјата ја продавала, стои во извештајот за лани на Rегулаторната комисија за енергетика. Според податоците, ЕЛЕМ лани купила 121,372 мегаватчасови на слободниот пазар, а за нив платила по 71,58 евра за мегаватчас во просек, или 8,7 милиони евра. Оваа цена е и за безмалку 60 отсто повисока од цената која е платена во 2016 година. Во таа година просечната цена била 44, 79 евра за мегаватчас.

Во извештајот стои дека ЕЛЕМ ги продала овие количини на ЕВН за 41,05 евра за мегават час.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика во разговор за Фактор веќе тврдеше дека сите снабдувачи во 2017 година работеле со загуба оти направиле погрешна проценка.

„Снабдувачите во 2017 година сите работеа со загуба. Кога ќе ја анализирате 2017 и во нашиот годишен извештај интересно е дека купувале по поскапа цена, а продавале по поевтина цена. Поради тоа што не си направиле подобро планирање, а во 2017 во јануари и февруари Бугарија ни ја затвори границата и цената отиде до 200 евра за мегават час, а овие веќе имаа договори направено по многу пониска цена, изјави неодамна Бислимовски.

Во извештајот на регулаторна стои дека државанат ЕЛЕМ лани купила струја од ЕДС по цена од 87,69 евра или за сите колични кои ги набавила платила околу 1,9 милиони евра. Купила и од Данске за цена од 48,59 евра, а најскапа била електричната енергија од Интеренерго која чинела 109 евра за мегаватчас. Од енерџи Суплај купени се 2.160 мегавати за 88,6 евра, а најевтин бил ХСЕ МАК Енерџи кој за 35,90 евра му продал на ЕЛЕМ 3,115 мегаватчасови електричлна енергија.

Струјата од Елем ја купува ЕВН компаниај која ја дистрибуира до крајните корисници

Во вкупната количина на електрична енергија за потребите на потрошувачите во Република Македонија за 2017 година АД ЕЛЕМ Скопје учествува со 54,24 отсто,  домашните нерегулирани производители (ТЕ-ТО АД и Когел Север) со 10,66 отсто, а увозот со 30,49 отсто. Произведена електрична енергија од АД ЕЛЕМ во 2017-та изнесувала 4.079.951.594 мегават/часови или за безмалку 14 отсто помалку во однос на 2015, односно за над пет отсто помалку споредено со 2016-та.


Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!